fbpx

До мај ќе се анализира примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

-

Експерт ангажиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) до крајот на мај треба да изготви анализа за примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со посебен акцент на релевантните меѓународни документи и анализа на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, информираат од Министерството за правда. Во изработената анализа ќе бидат содржани и соодветни препораки.

Од Министерството за правда за „Мета.мк“ посочуваат дека по изготвувањето на анализата и првичната верзија на законските измени, во ова министерство ќе профункционира работната група, која врз основа на дадените препораки и предлози на експертот ќе заземе став за сите прашања поврзани со законот. Меѓу најзначајните теми што ќе треба да се разгледаат е евентуалната можност за укинување на навредата од актуелниот закон, како и определувањето на висината на идните износи на штета што би се досудувале во случаи на клевета.

– Работната група која ќе работи на измените и дополнувањата на законот ќе биде составена од претставници на Здружението на новинари, судии, претставници од науката и претставници од Министерството за правда – потенцираат од ова министерство.

Од Министерството велат дека роковите за изготвување и донесување на новиот закон ќе зависат и од развојот на настаните поврзани со корона вирусот во нашата земја. Како и да е, измените на постојниот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета ќе бидат засновани на анализата на праксата на ЕСЧП и компаративните демократски искуства.

Ревидирањето на македонското законодавство во делот на навредата и клеветата е една од клучните препораки од извештајот на Рајнхард Прибе и итните реформски приоритети што треба да се спроведат во сферата на медиумите и слободата на изразување. Од актуелниот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета треба да се отстранат случаите од типот на “чест”, “достоинство” и “навреда”, кои се поведуваат во согласност со законската дефиниција за навреда, а се надвор од опфатот на дефиницијата за навреда во смисла на членот 10 од Европската конвенција за човекови права.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Пропагандата на Кју-анон шири невистини дека војната во Украина е „чистење на сатанисти“

Наспроти изнесеното во видеото што се споделува во постот, нема никакви тајни апсења на „длабоката држава“, како што приврзаниците на Кју анон теоријата на заговор ја нарекуваат „елитата која...
Free Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
free download udemy paid course
download mobile firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
lynda course free download