fbpx

Џафери-Гир: Изборите кои ќе ги подготви и спроведе оваа Влада ќе бидат клучни за нашата европска иднина

Посебен акцент на средбата бил ставен на заедничката посветеност на Брисел и Скопје кон натамошното успешно придвижување на активностите врзани за Планот за раст за Западен Балкан

-

Премиерот Талат Џафери, денеска го прими амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир.

Амбасадорот Гир му го честиташе на премиерот Џафери неговото назначување за претседател на Владата, истакнувајќи ја поддршката од ЕУ и Делегацијата во Скопје во продолжување на соработката и поддршката на институциите во реализирањето на европската агенда на државата.

Премиерот Џафери изрази задоволство што неговата прва средба со претставник на меѓународната заедница е токму со Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, што за него претставува јасен знак за насоката на движење на Владата во следниот период.

Премиерот истакнал дека претстојните избори се од исклучителна важност за иднината на земјата, бидејќи тие ќе го одредат текот на движење и напредок во следниот период. Премиерот нагласил и дека Владата ќе продолжи со истата динамика, посветеност и навременост, да ги спроведува сите процеси и обврски кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со Европската Унија во насока на забрзана европска интеграција.

Посебен акцент на средбата бил ставен на заедничката посветеност на Брисел и Скопје кон натамошното успешно придвижување на активностите врзани за Планот за раст за Западен Балкан, и во таа насока, амбасадорот Гир го поздравил досегашниот конструктивен пристап на Владата.

На средбата биле разменети и мислења за актуелни прашања од внатрешно-политичката состојба во земјата и претстојните избори. Во тој поглед, амбасадорот Гир нагласил дека ЕУ, како и досега, ќе ги подржи активностите на ОДИХР во обезбедување набљудувачка мисија и спроведување фер и демократски претседателски и парламентарни избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.