fbpx

Дирк Јан Коп: Важен фокус во моментот е организирањето слободни и фер избори

-

Амбасадорот на Холандија во Македонија, Дирк Јан Коп вели дека новата методологија треба да им ја олесни работата на оние што се вистински посветени на реформскиот процес, а ќе им биде потешко на оние што не се.

Тој во интервју за „Порталб.мк“ исто така вели дека одлуката на Холандија за започнување на пристапните преговори ќе зависи од целокупниот напредок постигнат во спроведувањето на реформите, оцена за која се чека да извести Европската комисија во скоро време.

Дали Македонија оствари напредок во реформите од октомври, особено во областа на судството? Што според вас може да се смета за напредок, а што назадување?

– Посветеноста кон реформскиот процес е охрабрувачка. Важно е овој процес да продолжи. Станува збор за практично спроведување на реформите и влијанието на овие реформи врз секојдневниот живот на граѓаните. Реформите треба да бидат насочени кон обезбедување одговорност, крај на неказнивоста и враќањето на довербата во системот. Очекуваме да ја прочитаме оценката на Европската комисија во новиот извештај за реформите, од мај 2019 година кога беше објавен и последниот извештај за напредокот.

Што нуди новата методологија, дали е точно дека им дава повеќе моќ на земјите членки да го блокираат процесот? Дали ги менува „правилата на играта“?

– Предлогот на Европската комисија за нова методологија содржи голем број подобрувања. Холандија го поздравува поголемото истакнување на реформите во владеењето на правото, реформите во јавната администрација и економијата. Покрај тоа, Холандија го поздравува и јасниот јазик на условеност: преговорите можат полесно да се паузираат или стопираат кога некоја земја-кандидат не ги исполнува обврските. Ова е во согласност со холандскиот строг и фер пристап, наспроти проширувањето. Новата методологија треба да им ја олесни работата на оние што се вистински посветени на реформскиот процес, а ќе им биде потешко на оние што не се.

Дали мислите дека предвремените парламентарни избори закажани за во април ги попречуваат реформите?

– Дури и сега кога парламентот е распуштен, реалното спроведување на реформите на терен може и треба да продолжи. Важен фокус во моментот е организирањето слободни и фер избори. Ова е можност за земјата, да демонстрира демократска зрелост. Ние го поддржуваме следењето на овие избори преку меѓународно набљудување од страна на ОДИХР и домашно набљудување од страна на МОСТ.

Дали мислите дека Македонија заслужува да добие датум, како поттик и мотивација за побрзи реформи, но и заради решавањето на спорот за името со Грција?

– Постигнат е значителен напредок во реформскиот процес. Дополнително, Преспанскиот договор е големо достигнување. Одлуката на Холандија за започнување на пристапните преговори ќе зависи од целокупниот напредок постигнат во спроведувањето на реформите. Европската комисија ќе известува наскоро за ова. Ќе ги почекаме овие извештаи.

Многу пари се вложени за поддршка на нашите реформи, сепак сè уште сме сведоци на коруптивни скандали, неефикасна администрација, лоши јавни услуги, лошо образование и така натаму. Што, според ваше мислење, треба да се направи поинаку и кој треба да го стори тоа за да имаме одржливи позитивни промени?

– Реформите во една земја одземаат време и треба усогласени напори. Ова може да се постигне само со донесување на потребното законодавство и обезбедување на потребните ресурси, како човечки така и финансиски. Имаме изрека на холандски јазик: „хартијата трпи сé“, што значи само законите сами по себе не се доволни; станува збор за правилно спроведување. Сите јавни тела треба да бидат транспарентни и одговорни за да ги испорачаат услуги за граѓаните. Ние помагаме таму каде што се бара да го сториме тоа. Како пример, ние го поддржуваме Судскиот совет да ја подготви методологијата за транспарентна процедура заснована на заслуги за квалитативно оценување на работењето на судиите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...