fbpx

Директорот на ОТА на средба со собраниската комисија за надзор на прислушувањето

-

Директорот на новоформираната Оперативно-техничка агенција (ОТА), Зоран Ангеловски, денеска ќе има средба со членовите на собраниската Комисија за надзор над спроведување на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.

Средбата се случува пред најавеното почнување со работа на ОТА, на 1 ноември, како што е предвидено со Законот за формирање на оваа агенција, која треба да биде медијатор во процесот на прислушувањето.

ОТА треба да биде независна во делот на техничката улога во следењето. Со формирање на новата агенција, наредбата за прислушување од обвинителството ќе оди до ОТА. Нејзината улога ќе биде само техничка, по добивањето на наредбата таа ја вклучува мерката, што подразбира дека го пренасочува сигналот кон корисникот односно барателот на услугите. Вработените во ОТА нема да можат да собират податоци, да слушаат, само можат да го вклучат сигналот. Корисникот, односно барателот може само да слуша, да собира податоци, нема да може да приклучува.

Целта на оваа реформа, која произлезе од забелешките на Прибе, е да се воспостави реална контролна моќ врз прислушувањето.

На почетокот на минатиот месец Зоран Ангеловски во Собранието беше избран за прв човек на ОТА со 83 гласа „за“. Ангеловски беше избран без расправа, бидејќи политичките партии во Собранието постигнаа консензус тој да биде избран меѓу 14 кандидати за оваа функција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...