fbpx

Динко В’лев: На Миленко ќе му го искршам автомобилот со чекан

-

„Тргнувам по Миленко! Планирам да го најдам неговиот дом и да му го искршам автомобилот со чекан. (Ще му потроша колата с чук, както той счупи плочата) Ќе го снимам целиот настан и ќе го објавам на интернет. Тогаш ќе го прашам: Пријатно ли ти е сега“, вели Динко В’лев, ловец на мигранти и познат бугарски спортист возач на АТВ-мотори, пренесува „Бгднес“.

„Поранешниот затвореник, кој е суден и лежел во затвор, Миленко Неделковски, минатата недела со чекан го искрши споменикот на бугарските војници на Кајмакчалан. Миленко Неделковски, кој во моментов се претставува како спортски новинар, сам се пофали со стореното дело и ја пушти фотографијата на ’Фејсбук’“, пишува „Бгднес“.

– Истото го чека и него, простување ќе нема. Тој прв пролеа крв, посегна по нашата историја – се заканува Динко, кој вели дека планира да патува сам со својот автомобил.

Сепак, бугарскиот спортист вели дека ќе нема судир затоа што Неделковски бил физички слаб.

– Ако го фатам, со бокс ќе го фрлам во воздух и нема да му дадам да застане. Но, за тепачка не зборуваме затоа што јас се тепам само со луѓе достојни на мене, а овој за мене е глушец – вели Динко.

Како што јавува дописничката на „Мета“ од Софија, Динко е всушност многу сличен на Миленко – контроверзен, „патриот“ и „херој“.

Одлуката на Динко, како што појаснил тој за бугарската агенција, е мотивирана од „неактивноста на македонските власти“. Власта, според пишувањата, нема да преземе санкции, бидејќи споменикот бил нелегален.

Затоа Динко решил да ги земе работите во свои раце.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...