fbpx

Димитров за „То Вима“: Важно е да започнат преговорите за членство, да се надмине поделбата кај народот

-

Никола Димитров во својот календар има заокружено цела низа клучни датуми, но, најбитен е оној од 24 март кога треба да се одржи Советот за општи работи на ЕУ во Брисел и на дневен ред е прашањето за определување датум за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија, пишува грчкиот медиум „То Вима“ за кој Димитров имал интервју по завршувањето на Конференцијата на високо ниво за Западниот Балкан.

За Договорот од Преспа, министерот за надворешни работи изјавил дека претставува дел од меѓународното право, но сега е потребно да се започнат преговорите за членство, што ќе помогне да се надмине поделбата кај народот.

Во однос на протестната нота на Грција поради враќањето на таблата со името Република Македонија во министерство за труд и социјална политика, Димитров изјавил дека „треба да се биде чесен кон народот и искрен кон гласачите.“

„Можеби е легитимно некој да има таква агенда, но истовремено треба да ги имаме предвид и последиците. Не е праведно јавно да велиме дека Договорот од Преспа треба да се поништи, а зад затворени врати да им велиме на странските соговорници дека тој е реалност која што треба да ја прифатиме. ВМРО-ДПМНЕ го гласаше Вашингтонскиот договор (договорот за формирањето на НАТО), но се обиде да ги дискредитира оние кои ги гласаа измените на Уставот. Се спротивставуваат на Договорот од Преспа, но им се допаѓаат резултатите од него,“ вели Димитров, меѓудругото во интервјуто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...