fbpx

Димитров: Невозможно е да се одржува европската перспектива ако ЕУ не си ги исполнува ветувањата

-

Во рамките на дводневната работна посета на Атина, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на економскиот форум Делфи имаше обраќање претпладнево, на панел заедно со Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Оливер Вархеји.

Во рамки на дебатата посветена на ЕУ и Западниот Балкан „Остварување на долгоочекуваното ветување“, беа отворени прашања за изгледите за спроведување на минатогодишната одлука на ЕУ, со која се даде зелено светло за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, сценариото за раздвојување на портфолијата, односите помеѓу Бугарија и Северна Македонија и последиците од пост-изборната неизвесност за деблокирање на процесот, како и одразот на сите овие прашања врз кредибилитетот и интегритетот на ЕУ во региониот и глобално.

„Станува невозможно за нас да ја одржиме и да продолжиме да зборуваме за европската перспектива пред граѓаните на Северна Македонија. Мислам дека ова се одразува до одреден степен и во другите земји во регионот. Има голем влог и за ЕУ, затоа што беа дадени ветувања и ако ветувањата не се исполнат, тоа испраќа многу негативна порака. И мислам дека од оваа перспектива треба да му пристапиме и да го ревитализираме ангажманот со Софија. Tреба да се обидеме да го искористиме моментот, да најдеме начин да ја надминеме пречката и ова го гледам како сценарио за заедничка победа или заеднички пораз. Немаме сценарио каде Бугарија победува, а Северна Македонија губи. Обете држави сме губитници, или обете победници, а и ЕУ е во ист кош.“

Еврокомесарот Вархеји ја повтори позицијата на Европската комисија дека Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на пристапните преговори со ЕУ и дека процесот на проширување мора одлучно да се движи напред.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...