fbpx

Дескоска за утре најави укинување на екстерното, Ристовски обвини за популизам

-

Првиот чекор во образованието го правиме со тоа што утре на дневен ред на седницата на Собранието ќе се најдат три закони со кои ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и во средните училишта, изјави денеска на прес-конференција, кандидатката за нов министер за образование, Рената Дескоска, додавајќи дека за таа цел денеска е одблокирана работата на Собранието.

– Заврши конститутивната седница со избор на Комисијата за избори и за именувања, а денеска ќе бидат и избрани комисиите што се надлежни за законите во областа на образованието. Затоа сакам да упатам порака до учениците и до нивните родители дека оваа година екстерно тестирање нема да има – рече Дескоска.

Прашана дали ќе има доволно време да се донесат законите за укинување на екстерното тестирање, бидејќи тоа е закажано за понеделник, Дескоска рече дека ќе направат сè законот да се донесе.

– Утре ќе работиме цел ден, сабота и недела имало обичај Собранието да работи, така што ќе бидат направени сите напори законот да биде донесен. Доколку не биде донесен, во што јас не верувам, има и резервни варијанти како да се реши проблемот – вели кандидатката за министер за образование.

ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на изјавата на Дескоска, укинувањето на екстерното тестирање го оцени како политичко додворување на СДСМ на дел од родителите и на учениците и како нивна злоупотреба заради политички поени.

– Предложената влада на СДС не е реформска туку антиреформска. Првите чекори што ги најавува идната влада не се проекти или решенија со кои би се подобрил квалитетот на веќе почнатите процеси, туку блокади и укинување. Екстерното тестирање е тестирање на реалното знаење, кое се применува во сите европски земји. Со ова укинување СДС го враќа повторно на мала врата образовниот процес од времето на транзицијата, кога оценките не беа одраз на знаење, туку резултат на притисоци врз наставниците, влијанија од родителите и спуштање на критериумите кои потоа ќе се одразат на пазарот на трудот. Оваа популистичка антиреформа на СДС ќе предизвика криза на вистинските вредности. Децата ќе бидат изедначени по оценки и нема да се вреднуваат трудот и квалитетот – изјави на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, заменик-министерот за образование и наука во заминување, Спиро Ристовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...