fbpx
Таг: Собраниски комисии

таг: Собраниски комисии

Пакетот закони за заштита од полициска бруталност одат на комисиски расправи

Собранието на денешната пленарна седница ги усвои заклучоците за пакетот законски измени со кои се предвидува формирање на надворешни механизми за заштита од полициска бруталност. Пратениците од парламентарното мнозинство, без опозицијата, која не учестува во работата на законодавниот дом, по брза постапка, без расправа одлучија измените на законите за извршување санкции, за јавно обвинителство, за јавнообвинителска служба и за судовите...

Пратениците му дадоа виза на законот за јазиците да оди на комисиска расправа

На денешното продолжение на 15-тата седница, пратениците, со 66 гласа „за“ и 41 „против“, го пуштија предлог-законот за употреба на јазиците на второ читање во надлежните комисии. Кога почна гласањето од пратеничките клупи на ВМРО-ДПМНЕ се слушаа извици „против, против“. Пред гласањето координаторот на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски се обрати процедурално и кажа дека со овој закон не се...

Интерпелациите на Николовски, Царовска и на Димитров денеска на собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска на пленарна седница треба да ја почне расправата за интерпелациите што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги поднесоа за министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и за надворешни работи, Љупчо Николовски, Мила Царовска и Никола Димитров. Интерпелациите се петта, шеста и седма точка на денешната 13. седница на Собранието, чиј почеток се...

Српската опозиција во собранието бара итна седница по изјавите на Вучиќ

Пратеничкиот клуб на опозициската Демократската странка во српското собрание бара итни седници на комисиите за контрола на службите за безбедност и за одбрана и внатрешни работи, поради ситуацијата во односите меѓу Србија и Македонија. Од партијата велат дека е неопходно пратениците да бидат информирани за состојбата со односите со Македонија, за деталите и сознанијата на службите, причините за повлекување на...

Дескоска за утре најави укинување на екстерното, Ристовски обвини за популизам

Првиот чекор во образованието го правиме со тоа што утре на дневен ред на седницата на Собранието ќе се најдат три закони со кои ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и во средните училишта, изјави денеска на прес-конференција, кандидатката за нов министер за образование, Рената Дескоска, додавајќи дека за таа цел денеска е одблокирана работата на Собранието. - Заврши...

Експресно завршени две собраниски седници, продолжува расправата за избор на влада

Во експресни постапки, со едногласно гласање „за“, во Собранието завршија две седници - конститутивната и третата седница, на која единствена точка беше изборот на комисиите на Собранието. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираа конститутивната седница, на која требаше да се изберат претседателот, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата на Собранието на Република Македонија...

СДСМ: Поради ВМРО-ДПМНЕ не можат да се формираат комисии и да се носат закони

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја повика ВМРО-ДПМНЕ „да придонесе кон заокружување на функционалноста на Собранието, со тоа што ќе предложи членови на собраниските комисии“. „Посочуваме дека токму поради несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ не можат да се формираат работните тела на Собранието и да се донесат важни закони од интерес на граѓаните. Тоа во моментов се измените во Изборниот законик што треба да...

ДС: Мнозинството одлучува за составот на собраниските комисии кога нема консензус

Во Собранието на Република Македонија составот на работните тела е одраз на бројот на пратеници, при што парламентарното мнозинство ги носи одлуките, честопати без поддршка од опозициските партии, велат од Демократскиот сојуз. „При изборот на составот на комисиите, доколку не може да се постигне консензус, тогаш партиите што имаат мнозинство одлучуваат. Во спротивно, доколку опозицијата инсистира на мнозинство во комисиите...

Законите од Пржино ги поминаа собраниските комисии

Завршија комисиските расправи за пакетот закони за кои политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во петокот постигнаа договор. Најдолга расправа имаше за измените на Кривичниот закон и за законот за приватност. Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери, рече дека законот за приватност не е доволно добар, но за да не го кочат процесот, тие нема да...

Димова: Собраниските комисии ќе бидат отворени за граѓанскиот сектор

Пратеничката група на СДСМ, која пред пет дена се врати во Собранието, ќе ги отвори за граѓанските организации сите седници на комисиите со кои раководат претставници на партијата и на нивните коалициски партнери, вклучувајќи ја и Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР) и онаа за надзор врз...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...