Денот на Боб Марли годинава ќе се одржи во Градски парк, повик до младите бендови да се пријават за учество

Фото: Фејсбук страна на BOB MARLEY DAY - ONE LOVE

Доближувајќи ја реге музиката и пораката на БОБ МАРЛИ-ONE LOVE, ONE HEART, A WORLD WITHOUT BORDERS до сите луѓе, овој настан е нешто што се памети засекогаш. Организаторот повикува сите ние како поединци да придонесеме во продолжувањето на традицијата на Денот на Боб Марли, којшто секоја година пред ковид-19 пандемијата се одржуваше во форма на музички хепенинг во Градскиот парк во Скопје.

„Сите млади и талентирани бендови коишто свират реге слободно да се пријават за учество на тел. бр. 075 72 86 82 – Charley – или на Фејсбук“, наведено е во повикот.

Од 2003 година, кога беше одржан за првпат, овој настан расте и со својата големина и со својата важност, собирајќи секоја година неколку илјади посетители, вклучувајќи голем број музичари и диџеи кои преку нивната уметност ја пренесуваат универзалната порака на мирот.

Годинава настанот е предвидено да се одржи на 13 мај и ќе трае цели 13 часа во Градскиот парк во Скопје.