fbpx

Денеска се одбележува Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на тортура

-

Денеска сe одбележува Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на мачење и на друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување. Во своето обраќање до нациите, генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, порача дека подемот на насилниот екстремизам и досега незабележаното ниво на присилно раселување во светот налагаат сеопфатен одговор од државите. Важен аспект од таквиот одговор е преземање активности за помош на жртвите соочени со тортура, поради наведените негативни трендови, пишува во соопштението на Хелсиншкиот комитет по повод меѓународниот ден за поддршка на жртвите на тортура.

„Во мај 2015 година, Комитетот против тортура при Обединетите нации во Женева го разгледуваше напредокот на Република Македонија во областа на превенцијата и на заштитата од тортура. Хелсиншкиот комитет, во соработка со Светската организација против тортура и пет локални невладини организации, до Обединетите нации поднесе алтернативен извештај за реалните состојби во државата. По сослушувањето на претставниците на државните институции, Комитетот за заштита од тортура заклучи дека во последниве шест години Македонија генерално не постигнала напредок во областа на борбата против тортурата“, соопштуваат од Хелсиншкиот комитет.

Во изминатите 12 месеци, Хелсиншкиот комитет регистрирал дузина посериозни инциденти на малтретирање, психичка и на физичка тортура. Од Комитетот упатуваат апел до власта да спроведе политика на нулта толеранција за акти на тортура од службени лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...