fbpx

Денеска продолжение на 31. седница на Собранието

-

Денеска Собранието на Република Македонија ќе ја продолжи 31. седница, а ќе заседаваат и две собраниски комисии – за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Двете комисии имаат пет исти точки на дневниот ред: предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за проектот „Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 1 – делница Куманово – Бељаковце“, по скратена постапка – второ читање, предлог-закон за дополнување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце-Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 2“, по скратена постапка – второ читање.

На дневниот ред на комисиските седници се и: предлог-закон за дополнување на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за проектот „Набавка на нови влечни и влечени средства во МЖ „Транспорт“ АД-Скопје“ кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и МЖ „Транспорт“ АД-Скопје, по скратена постапка – второ читање и предлог-закон за дополнување на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за национални патишта, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка – второчитање.

Петта точка во дневниот ред на двете комисии е предлог-закон за дополнување на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за рехабилитација на магистралните и на регионалните патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој-Светската банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка – второ читање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...