fbpx

Денеска претседателски избори во Бугарија

-

На денешните избори за нов претседател на Бугарија, кој ќе го наследи актуелниот шеф на државата, Росен Плевнелиев, кој реши да не се кандидира за нов претседателски мандат, ќе гласаат повеќе од 6,8 милиони Бугари со право на глас.

Во трката за претседателската функција учествуваат вкупно 21 кандидат, предложени од политички партии, коалици и од независни граѓански иницијативи.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека новиот бугарски претседател најверојатно нема да биде познат денеска, туку дека наследникот на Плевнелиев ќе биде избран дури по вториот круг, што би требало да се оддржи на 13 ноември.

Според последните истражувања на јавното мислење, денеска ќе се води неизвесна и тесна борба меѓу кандидатот на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), актуелната претседателка на бугарското Народно собрание, Цецка Цачева, и независниот кандидат, генерал Румен Радев, кој ја има поддршката на најголемата опозициска сила во државата, Бугарската социјалистичка партија (БСП).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...