fbpx

Денеска посвежо време

-

Во Македонија денеска времето ќе биде посвежо, со ниска утринска температура која ќе се движи во интервал од 4 до 14 Целзиусови степени.

Во текот на денот ќе биде умерено облачно, со повремени сончеви периоди, ветровито и со пад на дневната температура.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели – умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 километри на час. Максималната дневна температура ќе достигне до 11, односно до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и посвежо. Ќе дува засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе изнесува 11 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 18 степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...