fbpx

Охрид на Фестивалот на европските езера во Исео, Италија

-

Од утре до 2 јуни, Охрид ќе учествува на шестиот по ред Фестивал на европски езера, во Исео, Италија. На истото место, на 30 мај, ќе се одржи и вториот глобален состанок на официјалните делегации од членките на Европската мрежа на езера. Делегација на Општина Охрид ја предводи градоначалникот, Никола Бакрачески.

Во рамките на фестивалот, кој годинава ќе трае четири дена, ќе се одржат музички концерти, изложби на фотографии, како и дегустација на традиционални јадења од Исео, Италија и од други региони.

Унапредувањето на соработката на Општина Охрид со Европската мрежа на езера, создава услови за заеднички европски партнерски проекти. Еден од нив е европскиот музички проект „Oркестар на 100 млади музичари“, во кој годинава е вклучено Музичкото училиште „Методи Патче“ од Охрид.

Директорката на училиштето, Нина Момироска, појаснува дека проектот „Оркестар од 100 млади музичари“ ќе биде реализиран со концерт во Милано, на 6 јуни, на кој Охрид ќе го претстават тројца млади музички таленти, младите виолинисти Даниел Мојсоски, Александар Грунчески и Бајрам Рамаданоски.

– Навистина е чест да се биде дел од овој проект. Во него се опфатени 100 музички таленти од Европа. Нашето училиште е единствен претставник од Македонија. На концертот ќе настапат и ученици од училиштето „Јосип Словенски“ од Белград, музичката школа „До-ре-ми“ од Блед и музичката школа „Де гарде“ од Италија – истакнува Момироска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...