fbpx

Во 16 часот нов протест пред Владата, ќе се бараат оставки од Јанкулоска и од Котевски

-

По вчерашниот спонтан собир на граѓани пред Владата, за денеска во 16 часот преку социјалните мрежи е најавен нов протест, пред зградата на Илинденска бр.2, на кој граѓаните ќе го искажат својот револт од содржината на снимките кои вчера на прес-конференција ги презентираше лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Граѓаните, како што е најавено на социјалните мрежи, ќе протестираат против полициската бруталност и повторно ќе биде актуелизрано барањето од протестите во 2011 година, односно оставка на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и на портпаролот на МВР, Иво Котевски, по убиството на младиот Мартин Нешковски на плоштадот Македонија.

Вчера, кратко време по завршувањето на прес-конференцијата на СДСМ, неколку десетини граѓани се собраа пред владината зграда за, како што рекоа, да го изразат својот револт и згрозеноста од она што го чуле на аудиоснимките.

Тие на заштитната ограда пред Владата закачија транспаренти на кои беше испишано „убијци“, „садисти“ и „психопати“.

Со транспаренти со истите натписи, граѓаните ги повикуваа оние кои минуваа со автомобили да им се приклучат, а откако бројот на присутни се зголеми, насобраните го блокираа сообраќајот на едната од лентите на булеварот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...