fbpx

Денеска истекува рокот за купување граѓански обврзници од втората емисија

Инвестицијата во граѓанска обврзница е безризична и сигурна, носи атрактивен принос за граѓаните и при тоа ја штити вредноста на нивните пари, велат од Министерството за финансии

-

Денеска истекува рокот во кој граѓаните можат да запишат граѓански обврзници од втората емисија, за која аукцијата ќе се одржи утре, потсетуваат од Министерството за финансии.

Барањето за учество на аукцијата и уплата на средствата за кои граѓаните сакаат да купат граѓански обврзници може да го направат во сите деловни банки во државата.

Проспектот за втората емисија Граѓански обврзници, Министерството за финансии го објави на 18 октомври на износ од 10 милиони евра.

Граѓаните имаат можност да уплатат средства за запишување обврзници уште денеска, а утре ќе се одржи аукцијата по што почнува процесот на запишување на граѓанската обврзница на име на граѓаните во Централниот депозитар на хартии од вредности.

Граѓаните кои ќе запишат граѓански обврзници за својата инвестиција ќе добијат камата или принос од 5 отсто годишно, односно за две години вкупно 10 отсто на вложениот износ. Исплатата на првиот купон ќе се изврши на 14 ноември 2024 година, додека вториот купон, односно каматата за втората година – на 14 ноември 2025 година, истовремено со исплатата на вложените средства. Граѓаните можат да вложат минимално 10.000 денари, со купување на една граѓанска обврзница.

Инвестицијата во граѓанска обврзница е безризична и сигурна, носи атрактивен принос за граѓаните и при тоа ја штити вредноста на нивните пари, велат од Министерството за финансии.

Покрај граѓанската обврзница како нов инструмент, Министерството ја лансираше и Зелената обврзница, а најавува оти ќе следуваат и развојната и проектната обврзница. Целта на овие обврзници е мобилизирање на приватниот капитал во функција на развојот и забрзување на економскиот раст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЛГБТ активизмот во Русија прогласен за екстремистички – одлука на Врховниот суд

Рускиот Врховен суд вчера пресуди дека ЛГБТ активистите треба да бидат означени како „екстремисти“, потег за кој ЛГБТ заедницата стравува дека може да доведе до апсења и до гонења,...