Објавен е конкурс за избор на студентски правобранител на УКИМ

Заинтересираните кандидати треба да се редовни студенти на некој од факултетите на УКИМ, а потребно е да испратат биографија и предлог-цели за двегодишниот мандат

фото: Мета.мк

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УСС УКИМ) денеска објави конкурс за избор на студентски правобранител.

Според конкурсот, заинтересираните кандидати треба да се редовни студенти на некој од факултетите на УКИМ, а потребно е да испратат биографија и предлог-цели за двегодишниот мандат на адресата [email protected].

Изборот на студентски правобранител го врши универзитетскиот Сенат на предлог од Универзитетското студентско собрание.

За својата работа, студентскиот правобранител поднесува годишен извештај до Сенатот на Универзитетот.

Целиот конкурс може да се најде на овој линк, а повикот за пријави е отворен до 12 ноември.

Функцијата студентски правобранител на УКИМ досега ја извршуваше Викторија Постоловска.

Постоловска: Студентите се плашат дека не ја поседуваат силата да им пркосат на авторитетите кои ги угнетуваат