Фото: Testalize.me on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.866 тестирања, а регистрирани се 26 нови случаи на ковид-19: Скопје – 13 , Тетово – 5, Гостивар – 3, Кичево – 2 и Куманово, Прилеп и Штип – по 1.

Изминатово деноноќие регистрирани сe 8 оздравени пациенти од: Струмица – 3, Куманово и Тетово – по 2 и Скопје – 1. Не се регистрирани починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.866, бројката на оздравени пациенти е 150.154, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 225.

По градови, најмногу активни случаи има во Скопје – 86, по што следуваат Тетово со 73 и Кичево со 13 заболени лица од ковид-19.