fbpx

Демири: Урбаната мафија насилно приватизира земјиште во тетовската болница, Сади Беџети негира, надлежните потврдија

Во просториите на тетовската болница приватизирани се 97 метри квадратни на местото каде што се наоѓаат и дел од резервоарите за нафта на болницата кои се повеќе од 50 години на користење од страна на болницата и се сопственост на истата, известува Порталб

-

Во просториите на тетовската болница приватизирани се 97 метри квадратни на местото каде што се наоѓаат и дел од резервоарите за нафта на болницата кои се повеќе од 50 години на користење од страна на болницата и се сопственост на истата.

Ова денеска го откри директорот на болницата во Тетово Илир Демири, кој рече дека урбаната мафија со помош на претходното раководство на Општината, без да споменува конкретно име за кој градоначалник станува збор, има тенденции да го приватизира земјиштето до реката и да се попречи излегувањето на болницата на улицата „Благоја Тоска“.

Полицијата го потврди случајот, реагираше поранешниот градоначалник на Општина Тетово Сади Беџети, додека од страна на Општина Тетово утре ќе свикаат прес конференција, известува Порталб.мк.

Демири рече дека парцелата од 97 метри квадратни е приватизирана во минатото од страна на поранешниот градоначалник и неговиот шеф на кабинет. Но, тој не кажа за кое раководство станува збор.

„Ги имате и линиите таму како е мерено со геодет. Проблемот е во тоа што приватизирале и дел од резерварите за нафта на болницата, кои се повеќе од 50 години на користење од болницата и се сопственост на истата. Ова практично е сопственост на РСМ, дадено на користење на тетовската болница, додека јас сум претставник на истата. Проблемот е во тоа што овие луѓе кои се занимаваат со урбана мафија имаат тенденции да ја приватизираат до кај реката сопственоста на болницата и да се попречи излегувањето на болницата на ул. Благоја Тоска. Јас ве повикав за да ја информираме широката јавност, да ги информираме граѓаните, а вие ќе земете информации од урбанизам за тоа кој го приватизирал, како го приватизирал и обвинителството и другите органи треба да ги гонат, да го следат начинот како се случила приватизацијата“, рече Демири.

Тој вели дека за случајот информирани се надлежните институции.

„Институциите за среќа не им издале одобрение и не им овозможиле, но тие мислат да го реализираат насилно“, рече Демири.

Прашањето со улицата, вели тој, е што се разгледува можноста во некоја блиска иднина да се направи дополнителна лента за да може да има пристап болницата.

„Значи треба да се зголеми и мостот и да се направи една дополнителна лента. Доколку ние имаме пристап до ул. Благоја Тоска, во иднина ќе се реализира и тоа, но треба да се исполнат урбанистичките критериуми“, рече Демири.

Сади Беџети: Не сум одговорен

Во врска со случајот реагираше и поранешниот градоначалник на Општина Тетово, Сади Беџети. Тој вели дека случајот нема врска со него и не знае зошто е споменат.

„Овие се процедурални и законски нешта, нема потреба за популизам во ова време, непотребна пропаганда, бидејќи за оваа работа, доколку сум виновен јас и Алајдин, нема проблем, ќе дојде време ќе видиме, ќе ги видиме законските постапки и законот во сила и тој што бил во сила и дали сум јас виновен. Апсолутно немам што да зборувам бидејќи во моето време немаше ништо, ниту сум имал право да продавам, ниту да купувам земјиште, а ниту пак да правам приватизации. На директорот не му се јасни законските постапки, не знае што е приватизацијата а што приватниот имот, деталниот урбанистички план и одобрението за градење“, рече Беџети.

Тој меѓу другото, рече дека земјиштето е купено во 2021 година, а тој тогаш не бил градоначалник.

„Купено е приватен имот од некој друг. Не знам кој бил сопственикот ниту пак знам од кого го купил Алајдин,“ додаде Беџети.

Полицијата го потврди случајот

Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово го потврдија случајот за Порталб.мк.

На ден 06.01.2024 во 12:15 часот во СВР Тетово, одговорното лице во техничката служба во тетовската болница Н.С. (53) од тетовско Селце имал поплака против А.Х. (49) од тетовска Мала Речица, бидејќи истиот ден во 11:00 часот во Клиничката болница во Тетово ангажирале работници со ровокопачи за изградба на еден зид, каде што се појавил обвинетиот А.Х. и ги попречувал во нивната работа, со тоа што им рекол дека ова место е негово и дека ја има потребната документација за истото. Според извештајот, Клиничката болница во Тетово има одобрение за градба и побарале лицето да се предупреди да не ги попречува работниците и за секое недоразбирање да се обрати преку надлежни институции.

Исто така, на ден 09.01.2024 во 15:30 часот, А.Х (49) од тетовска Мала Речица пријавил во МВР узурпација на недвижност од страна на Клиничката болница во Тетово, кои на 05.01.2024 извршувале градежни активности на три катастарски парцели на ул. 29 ноември во Тетово, чиј сопственик е тој, додека една од катастарските парцели во која се одвивале градежните зафати беше во сопственост на РСМ. Се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на случајот.

Од Јавното Обвинителство нè известија дека до овој момент во тетовското обвинителство не е пријавено ништо во врска со овој случај.

Од Општина Тетово нè известија дека утре градоначалникот Билал Касами ќе се произнесе пред медиумите со документи за конкретниот случај, бидејќи денес е во Австрија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...