fbpx

Демант на Фондацијата Отворено општество – Македонија: Не го финансиравме кампот „Секс извидници и рокенрол“

-

Фондацијата Отворено општество – Македонија ги демантира написите кои се појавија во Курир, Република, Нетпрес, Лидер и Плус Инфо, а кои имплицираат дека ФООМ го финансирал извидничкиот настан Sex Scouts and Rock n Roll. Изнесените информации се комплетна невистина и претставуваат дезинформирање на јавноста, велат од ФООМ.

„Би сакале да ја информираме јавноста дека Управниот одбор на Фондацијата Отворено општество- Македонија во рамките на концептот Зелен скок-партнерства за климатска акција, на јавен повик за поддршка на активности на граѓански организации и неформални групи, меѓу другите, донесе одлука и за поддршка на проектот „Петтиот елемент“ поднесен од Прв скопски извиднички одред (ПСИО) со грант бр. 10664 во денарска противвредност на 12.229 долари. Согласно проектната документација, главната цел на проектот „Петтиот елемент“ е создавање на позитивна средина за учење и заштита на животната средина преку неформална едукација за деца и млади во природа. Посебните цели на проектот вклучуваат создавање позитивна средина за учење и заштита на животната средина преку неформална едукација за деца и млади во природа и подигнување на јавната свест за заштитата на животната средина, како и креирање одржливи програми преку врсничка едукација.

Согласно планот за реализација, досега е адаптирана и креирана одржлива програма за промоција и едукација на тема животна средина со симболичка рамка (Петтиот елемент) и прирачникот е достапен на www.psio.org.mk. Дополнително, на летен камп кој се одржал во јули на Охридското крајбрежје се обучени 20 врснички едукатори за имплементирање на програма за чиста и здрава животна средина. Во тек се подготовките за реализација на останатите сесии за врсничка едукација, како и видео кампања на темата заштита на животна средина,“ се вели во демантот.

Од ФООМ велат дека имајќи ги предвид информациите погоре, остро реагираат на непочитувањето на член 1 од Кодексот на новинарите.

„Новинарите треба да објавуваат точни, проверени информации, и секогаш да ја проверуваат точноста на информацијата со која располагаат. Новинарите се обврзани да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде правилно и прецизно информирана. Во ФООМ е пристигнато барање за проверка на точноста на информациите од еден медиум, но за жал, по објавувањето на написот од страна на медиумот. Дополнително, информациите врзани со доделениот грант кои се транспарентно објавени на веб страницата на ФООМ се делумно преземени од посочените медиуми и се притоа ставени во поинаков контекст, што претставува директно дезинформирање на јавноста. Воедно, се повикуваме на членот 3 од Кодексот на новинарите и инсистираме да биде обезбедено објавување на овој демант и реакција и да биде обезбедена исправка на информацијата бидејќи фактички е утврдена нејзината неточност. Би сакале да ја искористиме оваа прилика и да апелираме за силен фокус кон итно постапување на институциите и целосно расветлување на случајот поврзан со извидничкиот настан Sex Scouts and Rock n Roll,“ велат од ФООМ и додаваат дека стојат на располагање за сите дополнителни информации кои им се потребни на новинарите за целосно и вистинито информирање врзано со случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...