Фондот ЕУРОИМАЖ чекор поблиску за финансирање телевизиски серии во земјава

Продуцентите ќе се стекнат со право директно да ги пријавуваат своите копродукциски проекти како мнозински копродуценти и во случај проектот да добие поддршка, средствата ќе се уплаќаат директно на македонскиот продуцент. Копродукциите создаваат можност за широка дистрибуција на серијата и прикажување на медиуми во други држави

-

Владата на денешната седница ја разгледала и усвоила Информацијата за потребата од учество на Република Северна Македонија во пилот програмата за копродукција на сериска телевизиска програма на ЕУРИМАЖ и го прифатила текстот на Договорот меѓу Советот на Европа и Министерството за култура на Северна Македонија за финансирање на проектот „Поддршка на програмата за телевизиски серии“, информираат од владината прес-служба.

ЕУРИМАЖ, како што е објаснето од предлагачот, Министерството за култура, е фонд за културна поддршка на Советот на Европа, којшто е основан во 1989 година и во којшто членуваат 38 држави од 46 членки на Советот на Европа, вклучително и Kанада.

Фондот промовира независно снимање филмови преку обезбедување финансиска поддршка за производство на долгометражен игран, анимиран и документарен филм. Вкупниот годишен буџет на ЕУРИМАЖ за оваа намена изнесува 27 милиони евра.

Земјава е членка на ЕУРИМАЖ од 2003 година и преку овој фонд се поддржани бројни македонски играни и документарни филмови.

„Со учеството на нашата држава во оваа програма, продуцентите ќе се стекнат со право директно да ги пријавуваат своите копродукциски проекти како мнозински копродуценти и во случај проектот да добие поддршка, средствата ќе се уплаќаат директно на македонскиот продуцент. Копродукциите создаваат можност за широка дистрибуција на серијата и прикажување на медиуми во други држави“, стои во владиното соопштение.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...