Утре, во 12 часот, на плоштадот Филип Втори, ќе почне дедомразовската трка.
Трката ќе почне на плоштадот, ќе продолжи кон Македонскиот надорен театар, кај мостот Гоце Делчев, булеварите ВМРО и Димитрие Чуповски, улица Македонија, плоштад Македонија, „Порта Македонија“ и ќе заврши во паркот Жена-борец.
На целта ќе биде и Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје, кој ќе им ги додели наградите на најдобрите во трката.