Колозова: Немам ништо против читање книги онлајн – сѐ додека не се постови на социјални мрежи

Во „Летна лектира“ професорката Катерина Колозова го открива нејзиниот избор на книги за читање во летната сезона

Илустрација: Мета.мк

Во ова динамично и брзо време на живеење, кога дури и одморот претставува „замор“ преку гледање во екраните на телефоните, Мета.мк со цел повторно да ја разгори љубовта кон книгите и желбата за дегустирање нови содржини кај читателската публика, преку викенд – текстови разговара со јавни личности од секоја општествена сфера за нивните омилени книги за време на летниот период, во кој впрочем се наоѓа и најмногу време за читање.

Овојпат на темата „Летна лектира“ разговараме со професорката Катерина Колозова, која ни открива дека годинава ќе оди на еднонеделен симпозиум во Тоскана, во убава вила на Медичи, а ќе има и малку разонода, па тоа ќе биде нејзиниот летен одмор.

Во прилог се книгите која таа ги препорачува за читање ова лето:

„Демони“ од Достоевски, која било античка трагедија (“Цар Едип”, на пример)

„Гркот Зорба“ од Никос Казанѕакис – бидејќи го прикажуваат животот во неговата парадоксалност, човекот во неговата несовршеност, прифаќање дека никој не е ниту исклучиво добар ниту исклучително лош, ги сакаме луѓето во нивната несовршеност- сѐ додека стремат да сторат добро за другите, светот и се грижат за нешто повеќе отколку само за себеси.

„Јас немам ништо против читање книга на киндел, телефон, лаптоп – сѐ додека е книга, а не постови на социјалните мрежи. Сепак, на плажа секогаш држам физичка книга, попријатно е“, открива таа за Мета.мк.