fbpx

Чичаковски: До 13 часот гласале 34,43 проценти, гласањето се одвива мирно

-

До 13 часот на ниво на држава на гласање излегле 34,43 проценти од избирачите, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски.

– Во изборна единица 1 излегле 38,35 проценти од гласачите, во ИЕ 2 – 33,71 проценти, во ИЕ 3 – 38,62 проценти, во ИЕ 4 – 39,9 проценти, во ИЕ 5  – 33,55 проценти, а во ИЕ 6 – 23,85 проценти – изјави Чичаковски.

Тој додаде дека генералната оценка на ДИК е дека гласањето се одвива во мирна и фер атмосфера и засега немаат сознанија за нарушување на изборниот процес.

Чичаковски исто така истакна дека соработката помеѓу ДИК и МВР е беспрекорна и сите локации се обезбедени во согласност со правилникот за соработка помеѓу ДИК и МВР.

Во однос на приговорите за повреда на избирачкото право, поднесени од страна на 20 граѓани, портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, изјави дека сите приговори се однесуваат на тоа што граѓаните не биле запишани во изводот на избирачкиот список.

– Утврдивме дека граѓаните кои ги поднеле приговорите се во спорните записи, при што и покрај апелот на ДИК и роковите до август, а потоа и во ноември, тие не поднеле пријава во ДИК за да бидат запишани во избирачкиот список. Потсетуваме дека овие граѓани беа известени на лична адреса, но и преку интензивна медиумска кампања – изјави Гугучевска.

Следната прес-конференција на ДИК е закажана за 18 часот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...