fbpx

„Ние одлучуваме“: Ако ве нема на избирачкиот список, проверете дали сте во посебните изводи

-

На бесплатната СОС-линија на граѓанската акција „Ние одлучуваме“, денеска до 12 часот, добиени биле повеќе повици од граѓани со поплаки дека ги нема на избирачкиот список и поради тоа не можат да си го остварат гласачкото право.

„Во консултации со Државната изборна комисија (ДИК), добиена е информација дека постои опција граѓаните кои ги нема во изводите од избирачкиот списокот, да постојат на посебниот извод за гласање во странство, иако не поднеле пријава за гласање во странство. Затоа ги советуваме граѓаните, доколку ги нема во изводот од избирачкиот список, да побараат од избирачкиот одбор на нивното гласачко место да извршат проверка во посебните изводи од изборачкиот список за гласање во странство. Доколку ги има на посебниот извод, граѓаните ќе можат да си го остварат своето гласачко право и нивниот глас ќе се смета како важечки на територијата на Република Македонија“, велат од „Ние одлучуваме“.

Од граѓанската акција потсетуваат дека доколку ги нема воопшто на избирачкиот список, граѓаните имаат право да поднесат приговор до ДИК.

Бесплатната СОС-линија на „Ние одлучуваме“, за пријавување изборни нерегуларности 0800 88 888, денеска ќе работи до 20 часот и оттаму ги повикуваат граѓаните да се охрабруваат да се јавуваат и да ги пријавуваат изборните нерегуларности и повреди на гласачкото право.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...