fbpx

Четирите деца што преживеаја 40 дена во Амазон се здрави и пуштени од болница

Децата кои се на возраст меѓу една и 13 години, беа на лекување во откако беа пронајдени на 9 Јуни

-

Четирите деца што минатиот месец беа пронајдени, откако преживеале сами 40 дена во прашумите во Амазон по авионска несреќа, се пуштени од болница и се во добра форма, соопштија колумбиските власти.

Децата кои се на возраст меѓу една и 13 години, беа на лекување во откако беа пронајдени на 9 Јуни. Тие беа ослободени од медицинската установа во петокот и сега престојуваат во засолниште, соопшти Астрид Гарсес, директорка на колумбиската агенција за заштита на децата ICBF.

„Со оглед на сето она низ кое поминале, децата се добро. Нивното физичко здравје е одлично, а во болницата почнаа да добиваат грижа од тим психолози и антрополози“, рече Гарсес.

Лесли Џејкобомбеир Мукутуј (13), Солеини Џејкобомбеир Мукутуј (9), Тиен Ранок Мукутуј (4) и новороденчето Кристин Ранок Мукутуј беа блокирани во џунглата на Амазон на 1 Мај по авионската несреќа во која загинаа нивната мајка Магдалена Мукутуи покрај другите патници од авионот.

Трагите што укажуваа дека преживеале поттикнаа голема потрага предводена од војската во која беа вклучени повеќе од стотина колумбиски специјалци и 70 домородни извидници кои ја чешлаа областа. Со недели, во потрагата беа пронаоѓани отпечатоци од стапала, валкана пелена и шишиња, додека конечно не беа пронајдени минатиот месец. Колумбискиот претседател Густаво Петро ги нарече „деца на џунглата“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...