fbpx

Четиригодишно девојче од Штип со корона вирус

-

До 16 часот денеска дијагностицирани се шест нови пациенти заболени со корона вирус. Едно од заболените лица е четиригодишно девојче од Штип, кое се инфицирало во градинка во Англија, информираат во Министерството за здравство (МЗ).

– Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми. Во Дебар се регистрирани три нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот. Во Скопје е регистриран еден нов случај, контакт на претходно дијагностицираните. И во Гостивар е потврден случај на корона вирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија – инфомираат во МЗ.

Во моментов се тестираат уште 35 лица. Резултатите ќе бидат готови наскоро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.