fbpx

Граѓаните нема да останат без леб, залихи на брашно и пченица има

-

Насловот на текстот „(Видео) ЌЕ ОСТАНЕМЕ БЕЗ ЛЕБ?: Резерви пченица имаме за 26 дена, камиони ја товарат и носат во Косово?“ предизвикува паника дека македонските граѓани ќе останат без леб, а тврдењето не е поткрепено со никакви докази, пишува „КриТинк“.

Информацијата најостро ја демантираше министерот за економија, Крешник Бектеши, кој уверува дека брашно и пченица има доволно, а исто така, дозволен е и увоз од Србија, Бугарија и Унгарија.

– Кога пишувате дека македонските граѓани би можеле да останат без леб, посебно кога имаме вонредна состојба со корона вирусот, тогаш мора да изнесете сериозни докази за да го поткрепите тврдењето. Објавени фотографии од камиони со косовски регистарски таблички, како и видео снимено од автомобил со „лабава“ музика во позадина, не се никаков доказ за вакво сериозно тврдење – дека пченицата се товари и се извезува во Косово – рече Бектеши.

Тој на медиумите кои што шират лажни вести им порача дека треба да се засрамат посебно во ваква кризна ситуација во државата предизвикана од коронавирусот.

„Апелирам до сите граѓани ИМАМЕ доволно резерви на пченица и на брашно, а дополнително донесовме одлука за забрана за извоз во други земји.Има контроли и инспекции на терен и нашите граници се осигурани. Да потсетам објавувањето на лажни вести согласно заклучок на Владата се казниви по закон. Апелирам до медиумите да не објавуваат лажни вести кои предизвикуваат паника кај граѓаните во оваа кризна ситуација,“ напиша Бектеши на неговиот фејсбук-профил.

Според апелите на новинарските здруженија за професионално известување за коронавирусот, ваквите текстови се косат со етичките норми и најмалку се потребни во овие моменти кога државата е исправена пред предизвикот за борба со вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...