fbpx

„Кока-кола“ не се враќа на рускиот пазар

Руски експерти за интелектуална сопственост, кои ги консултирала агенцијата РИА Новости, потврдуваат дека тука се работи за заштита на интелектуалната сопственост, што може да послужи за евентуално враќање на „Кока-кола“ на рускиот пазар во иднина, но не споменуваат дека такво нешто се случува во моментот, пишува Вистиномер

-

Компанијата „Кока-кола“ аплицирала во службата за патенти на Русија за повторна регистрација на: Кока-колаФантаСпрајт и други свои трговски марки, што некои медиуми неточно го толкуваат како нивно официјално враќање на рускиот пазар (на истиот тие пијалаци ги има и сега, но неовластено, на ниво на некоја сива економија, а се увезуваат од најразлични земји). Секоја компанија си ја штити својата интелектуална сопственост, а таа заштита има рок на важење и мора да се продолжува. Руски експерти за интелектуална сопственост, кои ги консултирала агенцијата РИА Новости, потврдуваат дека тука се работи за заштита на интелектуалната сопственост, што може да послужи за евентуално враќање на „Кока-кола“ на рускиот пазар во иднина, но не споменуваат дека такво нешто се случува во моментот, пишува Вистиномер.

Текстот го пренесуваме интегрално:

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук споделува напис со следниве зборови:

Најпознатиот американски бренд се враќа на рускиот пазар!

Ваквата дезинформација ја има и тукатука и тука, каде што дури и сензационално јавува:

ГИГАНТОТ ОДЛУЧИ: Се враќа во Русија!

Податокот е неточен, а се темели врз збунувачки напис во рускиот весник Ведомости, кој го пренеле Интерфакс и други медиуми, кајшто се јавува дека компанијата „Кока-кола“ аплицирала во руската Федерална служба за интелектуална сопственост Роспатент за повторна регистрација на: Кока-колаФантаСпрајт и други трговски марки, што значи дека тие можат да се вратат на рускиот пазар во иднина. Теоретски тие можат да се вратат, штом се уредно регистрирани, но од „Кока-кола“ нема најава за тоа. Можеби тоа ќе биде во подалечна иднина, кога ќе заврши руската агресија врз Украина, заради која „Кока-кола“ се повлече од рускиот пазар пред две години. Ведомости побарале објаснување за таа ре-регистрација од претставникот на „Кока-кола“ за Русија, но како што весникот вели, одговор не бил добиен.

Никаква најава за враќање на „Кока-кола“ на рускиот пазар нема. А кога велиме враќање, мислиме на официјално враќање, затоа што пијалаците на „Кока-кола“ се и сега присутни на рускиот пазар, но неовластено, а се увезуваат од: Авганистан, Иран, Азербејџан, Грузија, Узбекистан, Казахстан, Кина, Виетнам, и наводно дури и од некои западни земји со полукриминални шеми. За ова помогна легализацијата од страна на руските власти на т.н. паралелен увоз (увоз на стоки без одобрение од сопственикот на трговската марка).

Можноста за враќање на Кока-кола на рускиот пазар вознемирило многумина во Украина, па нејзиниот весник Економична правда го контактирал украинскиот претставник на компанијата, кој објаснил дека таа побарала ре-регистрација на своите трговски марки во Русија за да ја зачува интелектуалната сопственост врз нив, за тие да не бидат злоупотребени (т.е. неовластено копирани и сл.), но додал дека работата на компанијата во Русија и натаму останува во прекин. Слични изјави од „Кока-кола“ пренесе и новинската агенција Ројтерс, при што, повторно, не се споменува никакво враќање на рускиот пазар.

Секоја компанија си ја штити својата интелектуална сопственост, а таа заштита има рок на важење и мора да се продолжува, па оваа ре-регистрација не значи враќање на „Кока-кола“ во Русија, иако, теоретски, тоа може да послужи и за таа намена.

Како што објаснува Економична правда, регистрацијата на трговските марки во Русија може да биде анулирана ако тие не се користат на таа територија во рок од 3 години, па со оглед дека „Кока-кола“ ги повлече своите марки од рускиот пазар во 2022 г., можно е нивната регистрација да биде анулирана во 2025 г., па затоа компанијата морала благовремено да ги заштити за да не загуби право врз нив на рускиот пазар.

Ова го потврдуваат и руски експерти за интелектуална сопственост, кои ги консултирала агенцијата РИА Новости. Тие потврдуваат дека тука се работи за заштита на интелектуалната сопственост, што може да послужи за евентуално враќање на „Кока-кола“ на рускиот пазар во иднина, но не споменуваат дека такво нешто се случува во моментов.

Земајќи го предвид сето досега наведено, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Носталгија по диктатори: Хусеин, Гадафи и Асад

Чест наратив на Кремљ е дека ирачкиот лидер Хусеин, либискиот Гадафи и сирискиот Асад биле големи патриоти и имале добри социјални политики, но дека биле жртви на американскиот империјализам,...