fbpx

Чавков: Полицијата темелно ја истражува експлозијата во Куманово

-

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, денеска изјави дека полицијата темелно го истражува случајот со експлозијата во Куманово денеска.

– Според првичните информации, излезени се увидни екипи, причинета е незначителна материјална штета, но станува збор за кривично дело кое многу интензивно и темелно ќе го истражуваме за да утврдиме кои се сторителите и мотивите за тоа – рече Чавков.

Министерот соопшти дека увидните екипи собрале соодветни материјали за вештачење и изрази надеж дека наскоро ќе има други показатели и информации што ќе бидат од полза за понатамошниот тек на истрагата.

Утринава во 04.29 часот, експлозија одекна кај тунелот што ги поврзува градскиот плоштад со паркиралиште со кое стопанисува приватна компанија.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со пишувањата за можна ескалација на ситуацијата во Македонија, Чавков рече дека внимателно се следат сите состојби во државата и додаде дека индикатори за загрозување на безбедносната состојба има не само во Македонија, туку и во другите делови од ЕУ и пошироко.

– Оперативното ниво останува подигнато со оглед на тоа што е и туристичка сезона. Мислам дека успеавме да ја одржуваме јавната безбедност на соодветно ниво – изјави Чавков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...