fbpx

Цената на бензините од ноќеска ќе порасне за два и пол денари, дизелот поскап за три денари

-

Големиот раст на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и промената на курсот на денарот во однос на доларот од ноќеска на бензинските пумпи на земјава ќе доведе до ново зголемување на цената на нафтените деривати, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска се зголемуваат за 2 и пол денари за литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 3 денари за литар.

Од ноќеска Еуросупер БС-95 ќе се продава за 88,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 90,50 денари за литар. Дизелот ќе може да се набави од бензинските станици за 90 денари за литар, додека екстра-лесното масло ќе чини 87,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,293 ден/кг и ќе изнесува 53,587 денaри за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,498 отсто, кај дизелот за 3,023 отсто, кај екстра лесното масло за 3,262 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 1,555 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,290 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...