Цеца настапи пред 15.000 публика на „Роштилијада“ во Лесковац, на концертот прекршени сите ковид-протоколи

Фото: Град Лесковац

„Кога ‘српската мајка’ се качи на бината во центарот на Лесковац се слушна голем аплауз од обожавателите, а таа, боса и облечена во припиен црн фустан, вети дека ќе приреди незаборавна вечер. И така и беше за повеќе од 15.000 нејзини обожаватели кои пееа и играа. Се појави и некоја солза радосница, а во првиот ред впечатливо беше присуството на една бабичка, која нашите камери ја снимија како пее и игра“.

Вака порталот „југмедиа.рс“ го започнува текстот за синоќешниот концерт на српската фолк пеачка Светлана Цеца Ражњатовиќ во Лесковац со што се означи почетокот на манифестацијата „Роштилијада“.

Според пишувањата на порталот, на почетокот на концертот присуствувале 15.000 публика, но потоа тој број се зголемувал, а евидентно е кршењето на сите ковид-протоколи.

Не е познато дали на овој концерт имало публика и од Македонија, имајќи предвид дека Цеца ова лето имаше настапи и овде.