fbpx

Проверка на факти

Не е точно дека ЕУ се бори да им ги одземе родителските права на унгарските родители

Европските институции не се против заштитата на децата од педофилија и од сексуално злоставување, туку против тоа што со контроверзниот Закон за заштита на децата во Унгарија се дискриминира ЛГБТ заедницата. ЕУ не се бори да им ги одземе правата на унгарските родители и не...

Лажна реклама: Нема Ајфон за 125 денари

Фан-страницата од којашто се нуди Ајфон за 125 денари, нема податоци за контакт, нема други објави за промоции, комуникација со корисници, нема голем број на следачи и интеракции. Нема никаква формална врска помеѓу овие измамници и IStyle – официјалната продавница за Apple продукти во...

Куриер нема насловна страница на која е прикажан Зеленски како краде велигденски јајца

Ваква насловна страница не може да се најде на ниту еден број од францускиот неделник. Куриер има издание од 6 април со серискиот број како на лажната насловна страница со Зеленски  (N°1692), но со различен дизајн. Како што објаснува Courrier International за насловната страница...

Неточно се тврди дека Бил Гејтс заговара глобална пандемија, затворска држава и геноцид

Наспроти изнесеното во постот дека Гејтс заговара геноцид, тој во колумната на Њујорк Тајмс предупредува на тоа дека е потребна подготвеност од страна на државите за што повеќе луѓе да се спасат во иднина доколку повторно се случи пандемија. Тој во ниеден момент не...

Новиот „Сноуден“ и Договорот за автопатите со „Бехтел и Енка“ го одбележаа април во (дез)информациска смисла

Протекувањето на огромен број доверливи документи од американските институции, откриено во април, како и деталите од Договорот за изградба на автопатско решение на Коридорите 8 и 10 д, беа теми од кои извираа најмногу информации и дезинформации во македонскиот медиумски простор во текот на...

Контраспин: Јолевски спинува околу случајот со обвинителката Ленче Ристоска

Наместо претседателот на Советот на јавни обвинители (СЈО), Антонио Јолевски, да ја повика обвинителката Ристоска на разговор од кој можеби и ќе дознае кој тргувал со влијание од Советот, тој и Советот ја упатуваат пред Етички совет за да оценел дали Ристоска со критиките...

Не е точно дека руската ракета „Кинжал“ уништила таен бункер на НАТО во Лавов

Самата теорија за постоењето на некој таен бункер на НАТО кај Лавов е апсурдна. Лавов се наоѓа на 50 километри од границата со Полска, земја членка на НАТО, па доколку имало состаноци на генералите на НАТО и вооружените сили на Украина, тогаш пологично би...

Измама е дека Филипс доделува апарат за две евра за првите сто луѓе

Ваквата „понуда“ за Филипс апарати за две евра е пласирана исклучиво со цел корисниците да ги споделат своите лични податоци во полињата, а потоа истите на многу начини можат да бидат злоупотребени. Ако се погледне веб-адресата на измамничкиот сајт, се гледа дека на неа...

Ватикан не го добил името по божица на подземјето

Името на Ватикан не потекнува од Ватикана, божица на подземјето, ова е неточна информација, всушност, таква божица со такво име не ни постои. За време на Римската Република, името „Ватикан“ се однесувало на Агер Ватиканус, мал рид и рамнина на западниот брег на реката...

Не е точно дека Украина го забранила Велигден годинава

Велигденските празнувања не беа забранети ниту во Киев, ниту каде било на друго место во Украина. Постот дезинформира дека  Украина годинава го забранила Велигден. На  видеоматеријал снимен на 16 април 2023 година, може да се погледне како верниците се упатуваат кон храмовите во Киев....

Лажно се нудат Дајсон правосмукалки за 120 денари

Постот го злоупотребува името и логото на американската онлјан продавница Амазон и е единствената објава на лажната Фејсбук-страница Добар шопинг. На официјалната страница – Амазон.ком не постои правосмукалка за 120 денари, а правосмукалката Dyson V11, која се нуди на фотографијата во постот, чини...

Кавкаска Албанија нема допирни точки со Албанија на Балканот

Во ниту една сериозна литература нема некои подетални податоци за Кавкаска Албанија, а уште поважно нема никакви докази дека таа античка држава има каква било врска со денешна Албанија, велат историчарите за Вистиномер. Нема податоци дека жителите на Кавкаска Албанија биле иселени од Кавказ...

Контраспин: Каде Димитриевски ја виде Илирида во Коридорот 8?

Секое отворање на прашања поврзани со трошење на многу буџетски, народни пари во многу важни инфраструктурни проекти за државата е повеќе од легитимно. Но, поврзувањето на истите прашања со етнонационални наративи е спинување. Дотолку повеќе што доаѓа од Димитриевски кој досега не само што...

Невистинит пост агитира против вакцинација на бебињата

Токму благодарение на вакцините, некои болести, како што се големите сипаници, целосно се искоренети. Некои се на прагот да бидат искоренети, како, на пример полио, а многу други се ставени под контрола и се наоѓаат на патот до целосно искоренување – дифтерија, пертусис (голема...

Со говор на Бил Гејтс изваден од контекст погрешно се алудира дека тој заговара „панел на смртта”

Постот манипулира со фрагмент од интервју на Бил Гејтс од јули 2010 година, снимено на Аспен институтот – непрофитна организација во Колорадо. Никаде во видеото Гејтс не зборува дека во иднина ќе се бара панел на смртта, за да се скратат високите медицински трошоци. Иако ова го...

Не е вистина дека „Огнените“ формирале партија, делуваат како фракција на ДУИ

Тврдењето во постот дека „Огнената група“ се одвоила од ДУИ и формирала нова партија е неточно. Вакво нешто досега не се случи, тие на почетокот на овој месец одлучија да останат во ДУИ и да функционираат како фракција на партијата, пишува „Вистиномер“ во својата...

Локвенец не рекол дека ќе се гради пруга од скопскиот до охридскиот аеродром

Во интервју за порталот Локално, Локвенец вели дека до двата аеродрома во иднина ќе има можност да се пристигнува и со воз, но не и дека аеродромите во двата града  – Скопје и Охрид, меѓу себе ќе бидат поврзани со пруга. Односно, планирано е...

Мета факт: Изградбата на мега паркот во Ново Село во тек, ѓубре уште се фрла околу локацијата

Актуелниот градоначалник на скопската општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за време на предизборната кампања вети чистење на дивата депонија во населбата Ново Село и изградба на мега парк на оваа локација во близина на пречистителната станица за отпадни води на реката Лепенец. Идентично ветување...

Не е вистина дека Бајден бил убиен со инјекција во Гвантанамо

Претседателот на САД, Бајден има јавни настапи речиси секој ден, медиумски настапи, вклучен е во менаџирање и коментирање на внатрешните и меѓународните политички процеси и невозможно е сите тие комплицирани процеси да ги спроведува негов двојник. Тврдењето дека некои политичари имаат двојници или клонови...

Швајцарија не истакнала дека Гејтс, Шваб и Фаучи се барани „криминалци на големото ресетирање“

Не е точно дека Швајцарија ги истакнала проминентните личности како „барани лица“ за „големото ресетирање“.  Станува збор за граѓани кои во јули минатата година ги истакнале овие постери, како промоција на своите наративи полни со дезинформации за наводната одговорност на Бил Гејтс, Клаус Шваб...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...