fbpx

Кавкаска Албанија нема допирни точки со Албанија на Балканот

Нема податоци дека жителите на Кавкаска Албанија биле иселени од Кавказ по наредба на Османлиските султани, па се доселиле во денешна Албанија. Ваков податок не се сретнува никаде во историјата. Според некои записи „кавкаските Албанци“ се сметаат за предци на современите Азербејџанци

-

Во ниту една сериозна литература нема некои подетални податоци за Кавкаска Албанија, а уште поважно нема никакви докази дека таа античка држава има каква било врска со денешна Албанија, велат историчарите за Вистиномер. Нема податоци дека жителите на Кавкаска Албанија биле иселени од Кавказ по наредба на Османлиските султани, па се доселиле во денешна Албанија. Ваков податок не се сретнува никаде во историјата. Според некои записи „кавкаските Албанци“ се сметаат за предци на современите Азербејџанци, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост на социјалната мрежа Фејсбук во кој се тври дека во времето на Исус Христос под исто име постоеле само Македонија и Албанија, односно македонскиот и албанскиот народ.

Во постот пишува:

МИЛИ КОМШИИ, ќе извините, нема „љутиш“… и Господ кога одел по земјата е сведок… само Македонија и Албанија постоеле со исто име!

Интересно е што во време на РИМ, провинциите биле именувани по името на народите… така да… пак простете останати, но тогаш постоеле само македонски и албански народ!

Но, на постот и на текстот прикажан во него му недостига контекст.

Кавкаска Албанија, која била античко кралство во Кавказ и нејзините тогашни жители немаат допирни точки со албанскиот народ и со денешната Албанија.

Во ниту една сериозна литература нема некои подетални податоци за Кавкаска Албанија, а уште поважно нема никакви докази дека таа античка држава има каква било врска со денешна Албанија, велат историчарите за Вистиномер.

Кавкаска Албанија е модерен егзоним (име различно од оригиналното, што се користи во други земји) за поранешна држава од античко време на Кавказ на територијата на сегашен Азербејџан. Современите ендоними (име што се употребува внатрешно во земјата, официјално име) за областа се Агванк и Алуанк, меѓу народот Уди, кои се сметаат себеси за потомци на жителите на Кавкаска Албанија.

Името Албанија е изведено од старогрчкото име. Префиксот „Кавкаски“ се користи за да се избегне забуна со модерна Албанија, што се наоѓа на Балканот, која нема познати географски или историски врски со кавкаска Албанија. Малку е познато за праисторијата на регионот, вклучувајќи го и потеклото на кавкаска Албанија како географски и етнолингвистички концепт. Во 1 век п.н.е. и 1 век од нашата ера, областа јужно од Големиот Кавказ и северно од Мал Кавказ била поделена помеѓу Кавкаска Албанија на исток, Кавкаска Иберија во центарот, Колхис на запад, Ерменија на југозапад и Атропатене. на југоисток.

Нема податоци дека жителите на Кавкаска Албанија биле иселени од Кавказ по наредба на Османлиските султани, па се доселиле во денешна Албанија. Ваков податок не се сретнува никаде во историјата. Според некои записи „кавкаските Албанци“ се сметаат за предци на современите Азербејџанци.

Откако кавкаските Албанци биле христијанизирани во IV век, дел од населението било асимилирано од Ерменците, додека источните делови на кавкаска Албанија беа исламизирани и апсорбирани од ирански и последователно турски народи (модерни Азербејџанци). Мали остатоци од оваа група продолжуваат да постојат независно, и се познати како народ Уди. Предисламското население на кавкаска Албанија можеби имало улога во етногенезата на голем број современи етникуми, вклучувајќи ги Азербејџанците од Кабала, Закатала, Шаки и Огуз. Ерменците од Варташен и Шаки, Грузијците од Кахетија и Херети (Ингилој), Лаците, Лезгините и Цахурите од Дагестан.

Тоа античко население нема никакви допирни точки со денешниот албански народ.

Пред повеќе од две илјади години на територијата на тогашната Античка Македонија според историјата постоеле племиња и тоа Хелени, Илири, Пајонци, Пелагонци, Тракијци, Енгелани, Бриги, токму од нив потекнуваат античките Македонци.

Во античките времиња, територијата на денешна Албанија на Балканот, главно била населена со голем број на илирски племиња. Илирските племиња никогаш не се сметале себеси за Илири, и мала е веројатноста тие да го користеле тоа име за себе во времето кога живееле.

Постојат две етнички подгрупи на Албанците. Тоа се Гегите, кои го населуваат северното подрачје на Шкумба, и Тоските кои се на југ.

Во античко време, инкорпорираната територија на Албанија била историски населена со индоевропски народи, меѓу нив и бројни илирски племиња, антички Грци и Тракијци.

Албанците се потомци на балкански народи, но точна идентификација не е утврдена до денешен ден. Поголемиот број историчари и јазичари, претпоставуваат дека Албаницте се потомци на Илирите или на Дако-Тракијците. Според Романските истражувачи постои уште една теорија која би ја објаснила Албанската етногенеза а таа гласи дека Албанците имаат поголема врска со Тракијците него што имаат со Илирите.

Така што тврдењето на авторот дека постоеле само македонскиот и албанскиот народ, додека другите соседни народи и држави не постоеле, е извадено од контекст.

Албанскиот плис, односно традиционалната бела капа или кече потекнува од илирско време и нема никакви конекции со Кавказ, како што пишува во текстот.

Илирската хемисферична капа датира од железното време, пронајдена и во машки и во женски гробови, па оттука може да се претпостави дека ја носеле и мажи и жени. На споменикот од Илирско време, кој е пронајден во Зеница, се гледа капа во форма на калоти, многу слична на плисот. Албанско/илирското капче е класифицирано во поширока и општа медитеранска рамка, потпирајќи се на илустрациите на ситулите и појасните плочи од подоцнежното железно време во Северна Италија и Јужните Алпи. Понатаму, во спомениците од II и III век од н.е. од Босна, Илирите под римска власт се прикажани со слични форми на капа.

Раниот приказ на хемисферичниот плис може да се види на приказот на Јохан Теодор де Бри на Мојси Големи од 1596 година, меѓутоа, постојат претходни  документи кои прикажуваат Албанци кои носат плис од претходните векови. Белата верзија стана најпопуларна и конечно беше прогласена за специфична албанска национална носија за време на албанската ренесанса.

Капата е дел од традиционалната носија и се смета за национален симбол кај голем број албански заедници.

Поради горенаведените факти оценуваме дека на текстот му недостига контекст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...