fbpx

Стокхолм е прогласен за најпаметен град

Стокхолм, Лондон, Париз, Сингапур и Копенхаген се градови со најголема зрелост во сегментот на информатичките технологии и телекомуникации, покажа истражувањето што го изврши компанијата „Ериксон“. Истражувањето рангира 40 градови и ја мери нивната зрелост во сегментот на информациските технологии, односно влијанието на ИКТ-инвестициите на економските и на општествените...

Колкава ви е дневната „километража“ со глушецот

Дали некогаш сте се прашале колкупати дневно притискате на левиот, а колку на десниот тастер на својот компјутерски глушец? Или колкава „километража“ дневно минувате? Овој мал софтвер го мери тоа. Програмата „маусотрон“ (mousetron) е особено практичен софтвер, кој лесно се инсталира и во заднина ги бележи податоците...

„Интел“ ја купи „Пасворд бокс“

„Интел“ ја купи канадската компанија за компјутерска безбедност „Пасворд бокс“. Компанијата во понудата има решение за брзо најавување на интернет-сервисите и на апликации. Наместо користење разни лозинки за секоја услога, „Пасворд бокс“ го олеснува процесот со користење една лозинка. „Пасворд бокс“ е основана во 2012...

Наскоро телефоните ќе можете да ги претворите во „гејмбој“

Компанијата „Нинтендо“, наводно, планира да ги оживее старите игри, но овојпат да ги адаптира на таблетите, паметните телефони и на фаблетите, јавува порталот „Некст дигит“. Доколку гласините се вистинити, тогаш сите љубители на старите игри ќе можат истите да ги играат на своите нови уреди. За...

Постхумно му се припишани уште 141 патент на Стив Џобс

Наследството на Стив Џобс продолжува да се зголемува и по неговата смрт. За нешто повеќе од три години, откако почина човекот кој ја основаше компанијата „Епл“, на негово име се допишани уште 141 патент. Вкупниот број на патенти што се водат на името Стив Џобс сега изнесува...

ЕУ бара „Гугл“ да се подели

Европскиот парламент со мнозинство гласови изгласа поделба на бизнисот на „Гугл“ во Европа. За усвојувањето на необврзувачката резолуција, со која Европска Унија бара од американскиот пребарувач одвојување на комерцијалните услуги од останатиот дел од активности, гласаа 384 пратеници, додека само 174 беа против. Европскиот парламент нема...

„Гоу про“ развива беспилотно летало

Американскиот произведувач на акциони камери, компанијата „Гоу про“, планира да го прошири својот производствен асортиман, јавува „Вол Стрит џурнал“, повикувајќи се на извори блиски до компанијата. Во текот на следната година, освен врвни спортски камери и опрема за нив, „Гоу про“ би требало да почне...

„Епл“ го запира производството на iPhone 5c

Производството на iPhone 5c ќе биде запрено во текот на првата половина на 2015 година, јави тајванскиот „Индустриал анд комршел тајмс“. Во моментов iPhone 5c е најслабиот паметен телефон во понудата на „Епл“. Имајќи предвид дека се темели на „ајфон 5“, моделот 5c е хардверски застарен...

„Амазон“ ќе воведе услуга за видеостриминг

Компанијата „Амазон“ на почетокот од следната година планира да иницира услуга за протек, како што се нарекува сртиминг, на видеосодржини, која ќе се финансира преку огласи, објави весникот „Њујорк пост“. Новата услуга би требало да биде одвоена од сегашната „прајм“ која за 99 американски долари годишно вклучува и видеоуслуги....

Властите во САД и во Велика Британија стојат зад шпионскиот вирус „реџин“

Неодамна откриениот компјутерски вирус „реџин“ кој шпионирал влади и компании во 14 земји, наводно е направен во државни институции. Имајќи предвид дека досега не се откриени жртви во ниту една од петте англосаксонски држави, Австралија, Канада, Нов Зеланд, Велика Британија и САД, експертите се...

„Сони“ со сексистичка реклама за новиот „плејстејшн“

Јапонската компанија „Сони“ сними „жешка“ реклама за својата играчка конзола „плејстејшн“, во која сексапилна докторка создава алузија на мастурбација. Порталот „Врџ“ ја оцени рекламата како „срамна за сите, па дури и за мажите и тинејџерската популација на која, очигледно, ѝ се обраќа“. Иако „Сони“ набргу ја повлече...

„Епл“ влегува во светот на виртуелната реалност

„Епл“, заедно со компанијата „Окулус“, подготвува нов фронт за своите ривали „Гугл“ и „Самсунг“. Компанијата почна да бара луѓе кои имаат искуство на полето со виртуелната реалност, „унапредена реалност“ и тридимензионална графика. - Експертот би развивал апликации со висока резолуција, кои се интегрираат во системот за...

Кинезите бесрамно го искорпираа „ренџ ровер ивок“

Британската компанија „Ленд ровер“ подготвува жалба против кинеските власти откако британската компанија „Ленд винд“ на кинескиот пазар го промовираше моделот „ленд винд X7 SUV“. Претставниците на „Ленд ровер“ се револтирани од фактот што „ленд винд X7“ според дизајнот неверојатно наликува на популарниот британски модел „ренџ ровер ивок“. Британскиот...

Полицијата апси хакери низ Европа

Полицијата во Европа почна голема акција против хакерите откако вчера се појави информација дека се шпионираат приватните веб-камери во Велика Британија. Во Велика Британија се уапсени пет лица, кои користеле софтвер за далечинско управување на приватните компјутери, а системот се нарекува „ретинг“. Откако ќе упаднат во...

„Гугл мапс“ нуди повеќе информации

„Гугл мапс“ за оперативниот систем „андроид“ кон почетокот на месецов ја доби опцијата за ажурирање „материјал дизајн“, како и уште некои нови опции. Сега е објавена новата верзија и уште некои други корисни функции. Апликацијата сега ќе прикажува колку е часот, какво е времето, ќе...

„Нокиа“ го претстави андроид-таблетот „Н1“

„Нокиа“ го претстави 7,9-инчниот андроид-таблет со ознака „Nokia N1“. Иако „Мајкрософт“ реши да ја згасне марката „Нокиа“, со овој потег Финците праќаат децидна порака дека се тука да останат и да понудат квалитетни и софистицирани уреди по кои беа познати и во минатото. Уредот има вградено четвиријадрен...

Тајмс сквер доби билборд со 24 милиони пиксели

Рекламно пано, долго колку еден фудбалски терен, со своите 24 милиони пиксели ќе направи најпознатиот плоштад во Њујорк, Тајмс сквер да свети како никогаш досега! Светлата на познатиот њујоршки Тајмс сквер наскоро ќе засветат уште посилно. На познатиот плоштад е поставен огромен дигитален билборд, кој, според...

Упад во системот на Стејт департментот

Системот на електронската пошта на американскиот Стејт департмент последните неколку недели бил мета на хакерски напади, соопшти висок претставник на САД. Како што пренесува „Б92“, повикувајќи се на „Ројтерс“, нападите се случувале истовремено со упадите и во системот на Белата куќа. Изворот, кој побарал да остане...

Откриено зошто на телефоните „андроид“ им треба повеќе работна меморија

Интернет-страницата „Квора“ (Quora) конечно даде одговор на една од најголемите мистерии за денешните телефони – зошто „ајфон“ работи без проблем со работна меморија од еден гигабајт, а телефоните на оперативен систем „андроид“ им е се потребни два или три гигабајти работна меморија за нормално...

„Амазон“ вработува летачи на дронови

Дроновите годинава се во центарот на вниманието, а плановите на „Амазон“ да врши испорака со беспилотни летала отвори нова шанса за сите оние кои се вешти со џојстик. Компанијата за онлајн-трговија сака што побргу да го тестира својата програма „Прајм ер“ за испорака, па распиша...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...