fbpx

Властите во САД и во Велика Британија стојат зад шпионскиот вирус „реџин“

-

Неодамна откриениот компјутерски вирус „реџин“ кој шпионирал влади и компании во 14 земји, наводно е направен во државни институции. Имајќи предвид дека досега не се откриени жртви во ниту една од петте англосаксонски држави, Австралија, Канада, Нов Зеланд, Велика Британија и САД, експертите се сомневаат дека вирусот потекнува од споменатите држави.

Експертите ги елиминираа Русија и Кина како потенцијални виновници, па сега се фокусираат на САД, Велика Британија и на Израел.

Според истражувањето на компанијата „Касперски лаб“, жртви на вирусот се пронајдени во Белгија, Бразил, Германија, Иран и во Сирија, а најмногу жртви има во Русија и во Саудиска Арабија.

„Касперски лаб“ е запознаена со проблемот уште во 2012 година, откако внимателно го следи. Иако софтверот е комплексен, поради што е го прави тежок за истражување, врз основа на неколку напади на институциите на владите и на телеграфските компании, експертите имале можност да го истражуваат.

Софтверот е во состојба да ја контролира телефонската ГСМ-мрежа, преку која може да се пренасочуваат повиците.
– Таквите операции во моментов може да го направат само оние кои стојат зад вирусот „реџин“ – наведуваат од компанијата „Касперски лаб“.

Експертите откриле дека проблемот не е само во едно парче софтвер, туку станува збор за платформа, која може да ја прошири својата контрола на цела мрежа. Тоа значи дека кога вирусот ќе се најде во компјутер, може лесно да се прошири по целиот свет, што само ќе му помогне да се скрие.
Најраните примери на овој тип на вирус се забележани во 2003 година, соопштуваат од „Касперски лаб“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...