Македонија Страница 2062

Македонија

Spitali i Manastirit do t’i ndëshkojë mjekët e mjekësisë nukleare!?

Ndëshkohen disa nga mjekët e mjekësisë nukleare të spitalit të Manastirit, deklaroi menaxhmenti i spitalit klinik të Manastirit, pasi nënkryetari i PLD-së, Goran Milevski, akuzoi se tanimë disa muaj në spitalin e Manastirit, i cili është edhe qendër rajonale, nuk ka reagensë për hulumtim...

Директорот на БЈБ, Чавков и амбасадорот Гарет ќе потпишат Меморандум за соработка

Денеска, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Митко Чавков, и амбасадорот на Обединетото кралство во Република Македонија, Чарлс Гарет, ќе потпишат Меморандумот за соработка за имплементирање на едногодишниот проект „Вовед во британските методологии и практики за прибирање информации“. Проектот ќе биде реализиран во соработка...

Студентите се упатија кон Владата на Република Македонија

Повеќе стотици студенти денеска се собраа пред комплексот факултети на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, на марш против идејата на владата да воведе екстерно оценување на универзитетот. Тие маршот го продолжија кон седиштето на Владата на Република Македонија. Според најавите од Министерството за образование и наука, испитот треба да...

Оставките на пратениците во рацете на Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања

Триесет и еден пратеник се во оставка, гласи извештајот од собраниската координација, која до Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања препорача да закаже седница на која ќе го разгледа извештајот за отсуствата на пратениците од овој состав на парламентот. Генералниот секретар, Жарко Денковски, денеска на...

Се градат подземни контејнери во општина Аеродром

Денеска, на влезот пред ТЦ „Три бисери“, почна изградба на подземни контејнери, во кои ќе се селектира отпадот. Почетокот на изградбата официјално го означија градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, како и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип...

Се кастри максималната брзина: Во градовите само со 50 километри на час!

Максималната брзина на движење на возилата низ сообраќајниците во урбаните средини, наместо досегашните 60 километри на час, ќе изнесува 50 километри на час, е предвидено со измените на Законот за безбедност во патниот сообраќај, кој е подготвен и треба да се најде во собраниска...

Отворен „Центар за заедницата“ за помош на граѓаните

Центар за заедницата од денеска почна да работи во Општина Центар. Овој центар ќе треба да им помогне на граѓаните активно да се вклучат во работата на локалната единица. Центарот е финансиран од Фондацијата „Отворено општество - Македонија“ и во него ќе работи тим...

Денеска ќе се знае дали ќе има забрана за увоз на пилешко од Холандија

Агенцијата за храна и ветеринарство до крајот на денот ќе соопшти дали ќе воведе забрана за увоз на пилешко месо од Холандија, по информацијата дека вчера на една фарма во селото Хекендорп, централна Холандија, откриен е високо патоген вид птичји грип смртоносен за живината, а...

Јанкулоска ќе пушти во употреба спортско игралиште во Никифорово

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска во Општина Маврово - Ростуше, ќе го посети селото Никифорово, каде што ќе присуствува на предавање во употреба на новоизградено повеќенаменско спортско игралиште. Како што е најавено, министерката Јанкулоска ќе го посети и полициското одделение во Маврово.

Трајановски и Меџити ќе присуствуваат на акција за чистење во Чаир

Денеска, во 13 часот, на булевар Цветан Димов (во близина на супермаркетот „Веро“), градоначалниците на Град Скопје и на Општина Чаир, Коце Трајановски и Изет Меџити, ќе присуствуваат на акција за чистење што се спроведува во оваа општина. По посетата на терен, градоначалниците ќе присуствуваат...

Дебата „Перспективите и можностите за искористувње на ИПА 2“

На денешната собраниска Комисија за европски прашања, ќе се одржи дебата за „Перспективите и можностите за искористувње на ИПА 2“. Расправата, како што е најавено, ќе ја отвори претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски. Во Собранието денеска јавна расправа ќе се одржи и на...

Работилница за меѓународно хуманитарно право и за човекови права

Работилница за меѓународно хуманитарно право и за човекови права ќе почне денеска во Скопје, во организација на Институтот за геостратегиски истражувања и за надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија и на Амбасадата на Италија. Работилницата, како што е најавено, ќе ја...

„Студентски пленум“ денеска ќе маршира против екстерното оценување

„Студентски пленум“ денеска најави марш пред надлежните институции со порака да се сопре воведување на новото законско решение за екстерно тестирање на студентите. Студентите очекуваат подршка од своите колеги, но и од професорите. Според најавите од Министерството за образование и наука, испитот треба да се спроведува...

Денеска ќе биде доставен извештајот за редовност на пратениците во Собранието

Генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, на денешната координативна средба, треба да го достави извештајот за редовност на пратениците. Се очекува претседателот на Собранието и координаторите на пратеничките групи да го достават овој извештај до Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, која во рок од 15...

Собрани парите за погреб на момчето што во саботата загина кај Католичка црква во Скопје

Собрани се средствата потребни за погребот на момчето што во саботата го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Католичка црква во Скопје. По несреќата, пријателите на починатиот испратија апел за донација затоа што родителите на момчето не биле во можност да го платат погребот. Тие на социјалната...

Време: Променливо облачно со дожд

Времето деенска ќе биде променливо облачно, а во утринските часови ќе има локален дожд, појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи до 17 Целзиусови степени, a во Скопје ќе достигне 16 степени. Во вторник и в среда...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи да го унапредува образованието

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува силно посветена на унапредување на квалитетот на образовниот систем во земјата, како од аспект на воспитно-образовниот процес, така и од аспект на инфраструктурните услови, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на прес-конференцијата на СДСМ. „Развојот на образованието е еден од клучните...

СДСМ: Децата смрзнуваат, а власта молчи

СДСМ побара преземање итни мерки за надминување на состојбата со недостигот на електрична енергија во основните и во средните училишта. Дејан Павлески од СДСМ, како дел од причините за оваа состојба, ги наведе недостигот на пари кај општините, неодговорниот однос на градоначалниците, како и...

СДСМ: Заштитата од семејно насилство не функционира

Опозициската партија СДСМ денеска обвини дека заштитата од семејно насилство лошо се применува на терен, а показател за тоа, според партијата, е последниот случај на тројното убиство во Кавадарци. Мила Царовска од СДСМ посочи дека згрижувачките центрите не работат, полициските станици наплаќаат за посета на семејства...

СДСМ одржа трибина со иселениците во Швајцарија

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев, синоќа одржа трибина во швајцарскиот град Локарно со претставниците на македонската дијаспора. - Вклучете се, заедно да ѝ помогнеме на Македонија - повика Заев на трибината насловен „Иднината на Македонија“. Како што се наведува во соопштението од партијата, иселениците дале поддршка...

Мета факт: Не е прв пат во последните 7 години просечната плата да има пад на месечно ниво

Поранешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска и сегашна пратеничка на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија во изјава за медиумите посочи оти „за прв пат после седум години...