fbpx
Македонија Страница 1995

Македонија

Се одбележува Меѓународниот ден на човековите права

Денеска со мотото „Човекови права 365 дена во годината“ се одбележува 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права. „Фундаменталните постулати, на кои се заснова Универзалната декларација за човековите права, укажуваат на фактот дека слободите и прaвата се дадени за сите, секаде во светот, во секое...

Директорите на училиштата од Центар не биле на тајниот состанок во „Јосип Броз Тито“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска се сретна со директорите на седумте основни училиште од Центар. Директорите на состанокот негирале дека биле повикани и оти присуствувале на  каква било средба во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Жерновски се надева дека политиката нема да се вмеша во образованието и...

Кодекс на студентски марш: Аплаудирајте ако видите насилство

Вториот студентски марш почнува денеска, точно напладне, пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а ќе продолжи кон Собранието и кон Владата на Република Македонија. Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ објавија „Упатство за учество на марш“, во кое се вели дека доколку некој...

Јубилејна десетта Меѓународна конференција „Е-општество.мк“

Утре во просториите на „Сити хол“, во Скопје, Македонија, со почеток во 10 часот ќе се одржи јубилејната десетта Меѓународна конференција „Е-општество.мк“, која годинава ќе биде на темата: „Човекови права на интернет - Слобода на изразување, говор на омраза и приватност во дигиталниот свет“. Настанот ќе...

Охрид се подготвува за новогодишните празници

Дваесетина дена пред новогодишните празници, во Охрид локалната самоуправа привршува со декорирањето и со осветлувањето на центарот на градот. - Очекувајте вистинска зимска бајка - најавуваат оттаму. Сандански, Банско и Боровец, во Република Бугарија, но и Копаоник, Златибор и Стара Планина, во Република Србија се центрите кон...

Ќе се гради мочуриште за спас од поплавите во Пелагонија!?

Пелагониската Општина Новаци гради стратегија да направи мочуриште за спас од поплавите на земјоделските површини во битолскиот дел на Пелагонија. Воедно, мочуриштето е замислено да се прави како туристичка атракција, со многу содржини. Според плановите на Општина Новаци, мочуриштето ќе треба да биде во атарот...

Во Собранието ќе се одржат три седници

Три собраниски седници денеска ќе се одржат во Собранието на Република Македонија. На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за централен регистар, во прво читање. Комисијата за транспорт и за екологија ќе расправа за предлог-законот...

Во котлините дожд, на планините снег

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно. Во претпладневните часови, во југоисточните делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините вренежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер. Утринската температура ќе се движи од -1 до 4 Целзиусови...

Експлозиите во Тетово и во Куманово не биле од рачни бомби

Две експлозии одекнале синоќа, една во Тетово, во близина на полициската станица, и една во Куманово, потврдуваат од полицијата. Во експлозиите нема настрадани лица, а е причинета незначителна материјална штета. Според привичните, неофицијлани информации од полицијата, не станува збор за рачни бомби (кашикари), туку за непознати...

Голема полициска акција во Западна Македонија

Голема полициска акција за апсење членови на поголема криминална група, утрово се спроведува во западниот дел од зејава, потврдуваат за „Мета“ од МВР. Според полицијата, станува збор за група која се занимавала со насилен криминал, а во акцијата се уапсени и неколкумина адвокати и извршител. Во текот...

Жерновски на средба со директорите на училиштата во Центар

Андреј Жерновски, градоначалникот на општина Центар, утре ќе се сретне со седум директори на основните училишта за да разговара со нив за состанокот што вчера тие го имале во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Во соопштението од Општина Центар пишува дека Жерновски сака да ги праша директорите дали состанокот...

Вељаноски се сретна со белгиската амбасадорка

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Белгија за Македонија со седиште во Софија, Аник ван Калстер. Како што соопштија од кабинетот на Вељаноски, двајцата соговорници изразија задоволство за остварената средба со желба за продлабочување на соработката...

Се зголемува бојот на заразени од жолтица

Деветнаесет нови случаи на жолтица се регистрирани во општина Шуто Оризари, јавува порталот „Здравство 24“. Станува збор за три семејства, едно седумчлено и две шестчлени семејства. Минатата недела, според податоците на скопскиот центар за јавно здравје, се регистрирани 10 нови случаи, а исто толкав број...

„Меѓаши“: Децата најмногу страдаат од сиромаштија

Сиромаштијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат децата и нивните семејства. СОС-телефонот за деца и млади на детската амбасада „Меѓаши“ годинава регистрирал 146 деца потенцијални жртви, од кои повеќе од половина живеат на работ на егзистенцијата и не можат да го...

По корупцијата удираме само со дебати и со трибини

На интернет-страницата на Државната комисија за спречување корупција можат да се најдат повеќе известувања за трибини, дебати и за јавни настани, отколку информации за поведени постапки од комисијата. Имено, од јуни до денеска на интернет-страницата на ДКСК имаа само шест извествувања за постапки, седум...

Утре ќе се одржи годишна конференција на Европската федерација на пожарникари

Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија (НСПМ) ќе биде домаќин на годишната конференција на Европската федерација на пожарникари. Конференцијата ќе се одржи утре, од 10 часот до 18 часот, во хотел „Континентал“, а прес-конференцијата за медиумите е закажана за 12.30 часот. Спроведувањето на европските нормативи, работното...

За речиси една година повеќе од 8.000 македонски државјани побарале азил во Германија

За период од 11 месеци годинава, 8.197 македонски државјани побарале азил во Германија. Како што соопшти германското министерство за внатрешни работи, Македонија е во групата на земји од каде и натаму доаѓаат најголем број политички азиланти. Главната причина е финансискиот мотив, но, според германските закони,...

Адеми му пиша на ректорот: Еве, вака ќе изгледа државниот испит

„Мета“ дојде до документ испратен од Министерството за образование и наука, потпишан од министерот Абдилаќим Адеми, до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, на 5 декември, во кој е објаснет моделот на државниот испит за студентите и начинот на кој ќе...

Нема процена, ама грбот ќе биде евтин

Надлежните немаат направено анализи колку ќе ги чини граѓаните најавената промена на државниот грб, односно колку пари ќе бидат издвоени од буџетот за промените во делот на она што значи употреба на грбот. Наспроти уверувањата од Владата дека граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци за...

Пратеникот Николоски ќе учествува на Комисијата на ПССЕ за човекови права

Пратеникот Алексадар Николоски, како шеф на делегацијата на Собранието на Македонија во Парламенатрното собрание на Советот на Европа, од утре до 12 декември ќе учествува во работата на Мониторинг-комисијата и Комисијата за правни прашања и човекови права. На состанокот е предвидено да се расправа за...

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...