fbpx
Македонија Страница 1568

Македонија

СДСМ нема да ги повлече своите членови од ДИК

На состанокот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и на коалициските партнери едногласно било одлучено опозицијата да не ги повлече своите членови од Државната изборна комисија. - СДСМ и партнерите се одлучни дека на 5 јуни не се возможни избори ниту, пак, ќе учествуваат на...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прекршија Договорот од Пржино

Нашите оставки, како министри и дополнителни заменици министри, поднесени до техничкиот премиер од ВМРО-ДПМНЕ, не беа констатирани, спротивно на нашата волја, изјавија министрите и дополнителните заменици министри на прес-конференција. - Денеска, Владата предводена од техничкиот премиер на ВМРО-ДПМНЕ направи ново прекршување на Договорот од Пржино....

Македонија на 95. место според нивото на среќа, Данска – прва

Македонија е на 95. место според нивото на среќа од вкупно 156 држави од светот, покажува новиот Меѓународен извештај за среќа, објавен во Рим. Минатата година, според овој извештај кој го мери нивото на среќа, Македонија беше рангирана на 93. место. Според новиот извештај, на првото место како најсреќна...

Пејковски: Судијата од „Ровер“ се меша во работењето на затворот

Директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски, денеска преку соопштение реагира дека судијата што го води предметот за случајот „Ровер“, Илија Трпков, во кој еден од обвинетите е и Љубе Бошкоски, излегува од своите надлежности и „директно се меша во работењето на затворската управа“. На денешото рочиште,...

Владата ги поништи сите решенија на министрите од СДСМ

Сите решенија што ги донеле министрите на СДСМ во периодот од 11 ноември минатата година до 7 април годинава, Владата ги поништила на вчерашната седница на барање на дополнителните заменици министри од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Чавков и Диме Спасов, информираат од Владата. Во соопштението пишува дека во...

Анкета на Институт „Димитрија Чуповски“: Груевски со поддршка од 39,5 отсто, Заев со 7,3 отсто

За ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 39,2 отсто од граѓаните, за СДСМ 14,9 отсто, а неопределени се 29,5 отсто, покажува новата анкета направена од Институтот „Димитрија Чуповски“ спроведена телефонски во периодот од 30 март и 2 април. На прашањето на кој од македонските политичари му верувате најмногу,...

Веб-страницата на Владата ги чека фотографиите и биографиите на новите министри

Владата на Република Македонија ја ажурира содржината на својата официјална веб-страница со додавање биографии и фотографии на новоизбраните министри, процес кој треба да заврши во наредните денови, велат од Владата за „Мета“. Категоријата „влада“ во која беа набројани сите министри и премиерот на државата на официјалната веб-страница на Владата,...

Полицаец повреден во судир меѓу камион и возило на МВР кај Католичка црква

Полициски службеник е повреден во сообраќајна несреќа што денеска, околу 13 часот, се случи на кружениот тек кај Католичката црква во Скопје, при судир на камион и на возило на МВР, соопштија за „Мета“ од СВР Скопје. Од ударот полициското возило се превртело на коловозот...

Што точно според Бејли и Орав, се пропуштило на 6 април?

Амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, денеска излегоа со заедничка изјава за распуштањето на Собранието и за најавениот бојкот на изборите од опозициските партии. Во заедничката изјава, Бејли и Орав рекоа дека одреден прогрес во поглед на создавање услови за...

СЈО за изборите: Должност на иституциите е да продолжат да соработуваат со нас

Собранието, пред одлуката за распуштање, што во средата доцна вечерта ја соопшти претседателот на законодавниот дом, Трајко Вељноски, не ги заврши обврските кон СЈО. Пратениците не ја ни разгледаа иницијативата на СЈО за измени на Законот за заштита на сведоци, а не беа усвоени ниту...

Арбер Адеми ја презеде должноста вицепремиер од Фатмир Бесими

Новоназначениот заменик претседател на Владата на Република Македонија, Арбер Адеми денеска и официјално ја презеде должноста од неговиот претходник Фатмир Бесими. Бесими на примопредавањето го запознал Адеми со тековните проекти на Секретаријатот и му посакал успешно продолжување на патот кон европска интеграција на земјата. Новиот вицепремиер...

Ристовска: Не ја коментираме содржината на тефтерот на Грујовски

Во домот на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, навистина е пронајден тефтер, изјави за „Мета“ портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска, но во интерес на истрагата не сакаше да ја коментира неговата содржина. Неделникот „Фокус“ во новиот број пишува дека при претресот...

Кривичен суд: Нема законски пречки Бошкоски порано да излезе од затвор

Не постојат законски пречки за Љубе Бошкоски да излезе од затворот „Идризово“ три месеци пред истекот на петгодишната казна за случајот „Кампања“, рече денеска судијата Илија Трпков, кој го суди предметот „Ровер“ во кој еден од обвинетите е Бошкоски. Како што пренесува „Академик“, одбраната на...

Бејли и Орав: На 6 април се пропушти можност за подготовка на веродостојни избори

Македонските политичките лидери имаат одговорност пред своите граѓани да ја вратат земјата на евроатлантскиот пат преку спроведување на нивните политички договори и на реформските приоритети, порачаa американскиот амбасадор Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав. „ЕУ и САД ги поддржуваат сите партии и другите учесници во...

Грујовски во тефтер водел евиденција за следење на обвинителите на СЈО

Во станот на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“, обвинителите на СЈО пронашле тефтер во кој имало податоци дека агенти на УБК или приватно ангажирани лица, професионалци, ги следеле специјалните обвинители, пишува неделникот „Фокус“. Во тефтерот, покрај имињата и презимињата...

Денеска променливо облачно, со температура до 23 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, а ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринската температура се движи од 6 до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје...

Ахмети го повика Заев да се премисли и да учествува на изборите на 5 јуни

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе учествува на изборите на 5 јуни, оти не постои друга алтернатива, изјави лидерот на партијата, Али Ахмети, во интервју во емисијата „Патот кон“ на телевизијата „Алсат М“. - Избори на 5 јуни ќе има бидејќи не постои друга алтернатива...

Заев до Могерини: СДСМ ќе предложи да не се повлекуваат членовите на ДИК

На Македонија ѝ се неопходни веродостојни избори со прочистен избирачки список, медиумски реформи и без притисоци, истакнал лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во телефонскиот разговор што денеска го имал со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европска Унија, Федерика Могерини. Во разговорот, Заев го...

Могерини: Партиите во следните клучни недели да го спроведат Договорот од Пржино

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, ги повика политичките партии во Македонија да создадат услови за веродостојни избори. „По последните случувања во Македонија, особено во однос на подготовката за предвремените парламентарни избори во јуни, денеска попладне разговарав со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во разговорот, кој...

Тодоров: Напад на лекар ќе се казнува како кривично дело врз службено лице

Со новите измени на Законот за здравствена заштита, нападот врз лекар е кривично дело и ќе се смета и ќе се санкционира како напад на службено лице, соопшти денеска министерот за здравство, Никола Тодоров, по повод Светскиот ден на здравјето - 7 април. - Оваа...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...