fbpx

СЈО за изборите: Должност на иституциите е да продолжат да соработуваат со нас

-

Собранието, пред одлуката за распуштање, што во средата доцна вечерта ја соопшти претседателот на законодавниот дом, Трајко Вељноски, не ги заврши обврските кон СЈО.

Пратениците не ја ни разгледаа иницијативата на СЈО за измени на Законот за заштита на сведоци, а не беа усвоени ниту препораките на Венецијанската комисија околу законот за приватноста и за свиркачите.

Обвинителката во СЈО, Ленче Ристовска, не сака да ги коментира актуелните политички случувања.

– Дали ги исполниле или не своите обврски, тоа треба тие да го кажат. Должност е на институциите да соработуваат со Специјалното јавно обвинителство, но дали тоа го исполнуваат, нема да коментираме – вели Ристовска.

Лидерот на опозицијата вчера, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека не би му било чудно доколку Уставниот суд поведе постапка за укинување на СЈО.

– Груевски и сè е можно. Не би сакал да верувам дека такво безобразие ќе се случи, но уште еднаш велам, Груевски и сè е можно – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...