Македонија Страница 1493

Македонија

Керим на петтото место во трката за генерален секретар на ОН

Кандидатот на Македонија за генерален секретар на Обединетите нации, Срѓан Керим, синоќа заврши на петтото место по тајното гласање во Советот за безбедност на ОН. Керим добил шест охрабрувачки гласа, седуммина од членовите на Советот за безбедност не ја охрабруваат неговата кандидатура, а двајца биле воздржани. По третиот...

Даут Даути ја повлече кандидатурата за член во ад хок телото за надзор на медиуми

Кандидатот за петти член на ад хок телото за надзор на медиумите, Даут Даути, се повлече од трката за ова место. До Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги тој испратил допис во кој соопштува дека ја повлекува кандидатурата за член во ад хок телото. „Сакам...

СЈО да се изјасни дали градоначалникот Tалески има право на потпис од притвор

Битолските советници денеска на седница на Совет расправаат за кварталниот извештај за извршување на буџетот за 2016 година, потпишан од градоначалникот Владимир Талески. Откако градоначалникот го предложил буџетот, сега од дома бара извештај како тој се извршува, потврдуваат службите на Општина Битола. Опозициските партии во...

Лидерска средба утре во 13 часот

Лидерска средба, на која треба да се направи пресек дали има услови за одржување избори и што од договорот од 20 јули е досега спроведено, би требало да се одржи утре во 13 часот, дознава „Мета“ од извори од СДСМ. - Начелно, договорено е средбата...

ОМД: Групата на пријатели на Македонија доби тројца нови конгресмени

Обединетата македонска дијаспора соопшти дека тројца конгресмени ѝ се приклучиле на конгресната група на пријатели на Македонија и на Македонците во САД. Станува збор за конгресменот Алекс Муни, републиканец од Западна Вирџинија, конгресменот Ренди Вебер, републиканец од Тексас, и за конгресменот Тед Лу, демократ од...

Времето денеска сончево со мала облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 Целзиусови степни, а дневната од 29 до 36 степени. Во Скопје се очекува слично време. Утринската...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја злоупотребува трагедијата во која загинаа 22 лица

„Нема човек кој не смета дека врв на дегутантност се класичните обиди на СДСМ да ја злоупотреби трагедијата во која загинаа 22 луѓе. Како што наближуваат изборите и сигурниот убедлив пораз на СДСМ, паниката која иницира напади на некрофилија почнува да доминира на Бихаќка“,...

Шекеринска: Одлука за избори ќе има ако има политичка волја на 31 август

„До 31 август можат да се исполат сите услови што беа предвидени во договорот од 20 јули оваа година. Ако има политичка волја, решение на 31 август и одлука за избори ќе има“, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, како одговор на новинарско прашање денеска...

Возот Солун – Скопје – Белград нема да сообраќа од 4 септември

Меѓународниот воз „Хелас експрес“ кој сообраќа на релација Солун - Скопје - Белград од 4 септември нема да вози поради изведување градежни активности на територијата на Република Србија, информираат од „Македонски железници - Транспорт“. Од компанијата соопштија дека прекинот на патничкиот сообраќај ќе важи сè...

Со експлозив минирани карпите над село Шипковица

Со дваесет килограми експлозив, минирани се четирите карпи над селото Шипковица и над патниот правец Шипковица - Бродец. Минирањето го извршија армиски единици. Големите карпи преставуваа опасност за селото и за патот. Нивната стабилност во невремето што се случи на 6 август годинава се наруши и...

Канческа-Милевска: Бев повикана како сведок и потврдив дека работиме законски

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска била повикана во својство на сведок во Специјалното јавно обвинителство, потврди таа по распитот, кој траеше околу три и пол часа. Таа кусо изјави дека има можност да го потврди и да го истакне законското работење на Министерството за култура. Во...

Шилегов: Груевски, Трајановски и Чавков ќе одговараат за поплавите

Никола Груевски, Коце Трајановски и Митко Чавков ќе одговараат за лажење, неспособност и за нанесување штета на граѓаните во врска со поплавите, изјави денеска на прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. - Ќе одговараат зашто пуштиле во употреба ризична обиколница, зашто не го предупредиле населението...

На двете сметки на Црвен крст собрани 840.002 евра, акцијата завршува денеска

На жиро-сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 38.409.843 денари или 624.550 евра, а од донирањето 100 денари со повик на телефоните 075/070/077 143 400, собрани се 13.250.300 денари, односно 215.452 евра, или вкупно 840.002 евра, соопштија од Црвен крст. Досега, како што известија од Црвен крст,...

Локвенец: Граѓаните мора да бидат информирани дали има закани за безбедноста

Хари Локвенец, пратеник во Собранието и претседател на собраниската комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразунавање и на Агензијата за разузнавање, денеска на прес-конференција во Собранието изјави дека граѓаните мора да бидат информирани реално, точно и навремено за тоа дали...

ВМРО-ДПМНЕ три дена молчи за тоа колку чини новиот партиски имот на Широк сокак

Разгранокот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во Битола три дена молчи во врска со прашањето колкав имот купи во градот и колку пари плати за него. Од ова лето партијата на власт во Битола е сместена во нови простории, сопственост на партијата. Советниците од опозициската Либерaл-демократска партија...

Канческа-Милевска на распит во СЈО

Денеска, точно напладне, во Специјалното јавно обвинителство дојде министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Официјално, не се знае за кои случаи министерката ќе дава исказ во СЈО, но се шпекулира дека станува збор за проектот „Скопје 2014“. За овој случај, претходно во СЈО даваше исказ градоначалникот...

Состанок на ДИК за спорните гласачи

Денеска истекува рокот во кој Државната изборна комисија (ДИК) треба да направи дополнителни контроли или лично да контактира со спорните гласачи, откако на 19 овој месец истече рокот во кој тие имаа можност сами да се пријават до Комисијата. Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски изјави...

ЗНМ в четврток ќе протестира за ослободување на новинарот Зоран Божиновски

Пред Основниот суд Скопје 1, Здружението на новинари на Македонија ќе протестира  на 1 септември, за кога е закажано првото рочиште на новинарот Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпион“. „На 22 август, управниот одбор на ЗНМ усвои одлука на 1 септември да организира протест пред Основниот суд во Скопје,...

Камчев излезе од СЈО и побегна од новинарите

Претпладнево, околу 11 часот, од зградата на Специјалното јавно обвинителство излезе бизнисменот Орце Камчев. Тој зградата ја напушти брзо, без даде изјава на новинарските екипи, кои од утрово се пред зградата на СЈО во исчекување кој следен ќе се појави на распит во обвинителството. Засега...

Трет круг гласање за генерален секретар на ОН

На седница на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк, денеска ќе се одржи третиот круг од гласањето за нов генерален секретар на светската организација. По гласањето би требало да биде познато кој е фаворит за функцијата, кој, конечно, ќе ја напушти трката, но и како...

Мета факт: Не е прв пат во последните 7 години просечната плата да има пад на месечно ниво

Поранешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска и сегашна пратеничка на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија во изјава за медиумите посочи оти „за прв пат после седум години...