fbpx
Македонија Страница 1400

Македонија

Партиите ја злоупотребуваат државата и политички дискриминираат

Нема јасно разграничување помеѓу партиите и државата, се злоупотребува државниот систем и постои политичка дискриминација, а со тоа се прекршуваат низа закони, е заклучокот од конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“, организирана од граѓанската асоцијација „Мост“. Уставната судијка Наташа Габер-Дамјановска вели дека во Македонија...

Судот преплавен со барања за неосудуваност од кандидатите за пратеници

Поради предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември и зголемениот број на барања, Основниот суд Скопје 1, наместо како досега за три дена, ќе издава уверенија од казнената и од кривичната евиденција во рок од пет до седум дена, соопштија денеска од судот. Имено, кандидатите што ќе се...

Герила-акција: Кутии со прва помош на детските игралишта

Кутии со прва помош се појавија на детските игралишта низ скопските населби, како дел од герила-акцијата со која се покажува дека местата каде играат децата се уништени и небезбедни. Речиси секое трето игралиште во Скопје е оштетено или несигурно, а најмногу ги има во скопските населби...

Oбвинителството го потврди координираниот лов на терористи со Албанија и со Косово

Координирана антитерористичка операција деновиве е спроведена во Албанија, Македонија и во Косово за апсење на лица, осомничени за регрутирање борци за Исламска држава од Балканот. Според информациите што вчера ги објавија албанските и косовските медиуми, осомничените, наводно, планирале и терористички акции на Балканот. Од Јавното...

400 електронски алки за домашен затвор ќе профункционираат по изборите

Управата за извршување санкции набавила 400 електронски алки за надзор на осуденици кои ќе издржуваат домашен затвор, бидејќи на 1 ноември, како што беше предвидено, почна примената на Законот за пробација. Од Управата за извршување санкции за „Мета“ велат дека веќе се набавени уредите за...

Времето денеска облачно и врнежливо

Времето денеска ќе биде промелниво облачно и веторвито со повремени обилни врнежи од дожд. На некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, локално во форма на невреме. Максималната дневна темепратура ќе се искачи до 20 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде...

ОМД упати апел до Македонците од дијаспората да се регистрираат и да гласаат

Единствениот начин да ја извлечеме нашата татковина од длабоката политичка криза во која се наоѓа е да излеземе во што поголем број на гласачките места и да го изразиме нашето демократско право на глас, велат од Обединетата македонска дијаспора. „На 11 декември, Република Македонија ќе...

Попоски и Фрај разговарале за изборите, регионалната соработка и за мигрантската криза

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретна со Торстен Фрај, пратеникот во германскиот Бундестаг од редовите на владејачката ЦДУ и главен известувач на пратеничката група на оваа партија за Македонија. „Попоски и Фрај разговараа за прашања...

Бејли: Не очекувам промена на политиката кон Македонија по изборите во САД

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на „Фејсбук“ оствари комуникација во живо со македонските граѓани за претседателските избори во САД. На прашањето да ги прокоментира надворешните политики на двајцата кандидати, Хилари Клинтон и Донал Трамп, Бејли истакна дека како федерален претставник, тој не смее да...

Нефункционална е санацијата на штетите од поплавите, истакнаа граѓанските активисти

Три месеци по катастрофалните поплави што ги погодија Скопје и околината, санацијата на штетите оди бавно и незадоволително, истакнаа граѓански активисти на денешната прес-конференција во село Стајковце, кое беше погодено од поплавите во август оваа година. - Саниран е многу мал процент од штетата, а не...

Вработените од „Југохром“ на принуден одмор

Месецов вработените од „Југохром“ ќе бидат на принуден одмор, соопштија денеска од синдикатот на комбинатот. - Успеавме да издејствуваме од одборот на „Југохром“, работниците да бидат пратени на принуден одмор, односно ќе земаат 70 проценти од платата и ќе седат дома. За наредните месеци не се...

Обуки за искористување на ЕУ-фондовите во Охрид

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје (ИДСЦС), во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и со Организацијата на жени од Свети Николе, од денеска до 9 ноември, во Охрид, спроведува обука за проектен дизајн и за менаџмент. Обуката е дел од...

Заврши реконструкцијата на патот од Буково до Ресен

По повеќемесечна работа и одолжувања кои им создаваа нервоза на патниците, конечно заврши реконструкцијата на патот на превојот од Буково до Ресен. Сега, од Охрид до Ресен ќе се патува побрзо и побезбедно. Новата реконструирана делница е соодветно обележана со сообраќајни знаци и со сигнализација. Работите продолжуваат...

Герила-акција во Штип: „Внимавајте, Диме Спасов на патот“

Изминатиот викенд на фреквентните улици од Штип се појавија импривизирани сообраќајни знаци со содржина „Внимавајте, Диме Спасов на патот“. Знаците се дел од герила-акција, a кој стои зад неа, остана непознато. Знаците се поставени во строгиот центар на градот, покрај реката Отиња, покрај пешачката патека во коритото...

Во ДИК до денеска се пријавиле 8.258 граѓани од дијаспората за гласање на изборите

Преку веб-апликацијата на Државната комисија, до денеска, 7 ноември, до 14 часот, поднесени се вкупно 10.235 пријави од граѓани за гласање во странство. Од нив, 8.258 пријави се прифатени, 166 се одбиени, а другите се во обработка. ДИК соопшти дека најголем број пријави, повеќе од 1.000,...

Поповска се откажа од добитното место на листите, ќе го добие друг член на ДОМ

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, денеска на прес-конференција информираше дека се откажува од добитното пратеничко место на листата на СДСМ. – Се откажувам од пратеничкото место, а за ова ќе го известиме и СДСМ. Ќе се борам со еднаква страст од друга позиција, која сега...

Мухиќ: Заев ме покани да станам пратеник, побарав само да останам независен

„Да бидам кандидат за пратеник ме покани лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Јас само побарав да останам независен, на што тој се согласи и, ете, се најдов на листата“, вели за „Мета“ професорот Ферид Мухиќ, за чие име, откако излезе во јавноста со големи...

Искршени прозорците на штаб на СДСМ во Арачиново

Од непознато возило во движење, непознати лица фрлиле разни предмети кон прозорците при што искршиле четири прозори од партискиот штаб на СДСМ во Арачиново. Случајот го пријавил во полиција И.Ф. од Арачиново, кој е сопственик на куќата каде што се наоѓа партискиот штаб, а...

Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО за пасошот на Канческа-Милевска

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на одлуката на судијата на претходна постапка да не им ги одземе пасошите на актуелната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и уште едно осомничено лице во случајот „Тендери“. Освен одземање...

Груевски – Фрај: Изборите се излез за надминување на кризата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се сретна со пратеникот во германскиот Бундестаг од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и член на комисијата за надворешни работи на германскиот парламент, Торстен Фрај, информираат од владејачката партија. На средбата, како што се појаснува во партиското соопштение, тие разговарале за...

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје, примала мито од 12.500 евра

Поднесена е кривична пријава против 41-годишната И.М. од селото Буковиќ во скопската општина Сарај, а која била вработена во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични...