Изминатиот викенд на фреквентните улици од Штип се појавија импривизирани сообраќајни знаци со содржина „Внимавајте, Диме Спасов на патот“. Знаците се дел од герила-акција, a кој стои зад неа, остана непознато.
Знаците се поставени во строгиот центар на градот, покрај реката Отиња, покрај пешачката патека во коритото на реката Брегалница и во паркот во населбата 8 Ноември, кој е претворен во големо градилиште.
Пред само две недели, герила-акција му беше приредена на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој на влезот во Штип беше дочекан со пано со содржина „Заев оди си – не сакаме двојазичност!“.