fbpx

Британија е загрижена за посветеноста на Груевски на демократските процеси

-

Британскиот министер во сенка за надворешни работи, Хилари Бен, синоќа побара објаснување од британскиот државен секретар за надворешна политика и за Комонвелт оценка за владеењето на правото во Македонија, откако претседателот прогласи аболиција.

Државниот секретар, Филип Хамонд, се повика на изјавата на министерот за Европа, Дејвид Лидингтон, во која се изразува длабока загриженост.

„Како што јасно истакна министерот Лидингтон, ние сме длабоко загрижени поради одлуката на претседателот Иванов да ги помилува лицата кои се под истрага во Македонија поради обвиненијата за злоупотреба на моќта. Одлуката ги штити претставниците и поранешните министри кои се обвинети за корупција, а со тоа на македонскиот народ му ускратува правдата. Функционирањето на владеењето на правото значи дека сите луѓе мора да сносат законска одговорност за своите дејства, а обвиненијата да бидат целосно истражени – рече Хамонд.

Тој, исто така, рече дека заедно со меѓународните партнери го повикале претседателот Иванов да ја повлече одлуката и оти изразиле голема загриженост за веродостојноста на претстојните избори, како и за степенот на посветеноста на демократските процеси на поранешниот премиер и лидер на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...