fbpx

Бранко Ушковски е нов претседател на Судскиот совет

-

Со 13 од вкупно 14 гласа, Бранко Ушковски, единствениот кандидат, е избран за претседател на Судски совет. Eдното од ливчињата беше неважечко.

Тој рече дека совесно и одговорно ќе ја извршува функцијата и ќе работи заедно со неговите колеги што го избраа за претседател.

На прашањето како ги коментира објавените материјали од прислушувањето и како тоа ќе се одрази на кредибилитетот на Судскиот совет, Ушковски уверува дека сите судии работат чесно, освен многу мал дел кај кои има констатирано пропусти во работењето.

Ушковски е поранешен заменик на Александра Зафировска, претходната претседателка на Судскиот совет.

Ушковски е поранешен правник во Министерството за одбрана, избран на предлог на ВМРО-ДПМНЕ во Советот.

Тој е единствен член на Советот од редот на кандидатите Македонци кој никогаш не бил судија, а беше предложен од Влатко Самарџиски, член на Советот и судија на Апелацискиот суд – Скопје.

Министерот за правда, Аднан Јашари, рече дека лично смета дека заради поголема ефикасност и функционалност на судството, нужен е изборот на претседател на Судскиот совет.

– Со претходната ситуација, Судскиот совет беше нефункционален – рече Јашари.

Оваа изјава на Јашари е контрадикторна со изјавата на Алекрсандра Зафировска, , која при своето обраќање рече дека наспроти пишувањата на новинарите дека судскиот совет не функционирал, тие во изминативе месеци работеле со полна пареа и воопшто не биле пасивни.

Инаку, Судскиот совет е надлежен да ги избира и разрешува судиите, да ги избира и разрешува претседателите на судовите, да утврдува престанок на судиската функција, да избира и да разрешува судии-поротници, да ја следи и оценува работата на судиите.

Тој одлучува за дисциплинска одговорност на судиите, утврдува нестручно и несовесно вршење на судиската функција, утврдува престанок на судиска функција поради трајна неспособност за работа на судија, одлучува за одземање имунитет на судија, одлучува по барање за одобрување на притвор на судија и предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...