fbpx

Убиен таксист во Белград

-

Таксистот Ќира Тренески (41), вчера, во населбата Глогонски рид во Белград е најден мртов. Неговото тело е пронајдено на околу 10 метри од такси-возилото „алфа ромео“.

Од такси-компанијата „Пинк“ потврдиле за „Блиц“ дека се работи за нивен возач.

Според неофицијални информации на „Блиц“, напаѓачите, откако го извршиле убиството, се обиделе да го украдат возилото, но автомобилот завршил во ендек и тие го оставиле.

Во близина на телото на таксистот, пронајдено е уште едно тело кое, исто така, има повеќе прострелни рани.

Полицијата сè уште работи на расветлување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...