fbpx

Боно ги изгуби куферите – паднале од авион сред лет

-

Багажот со личните работи на водачот на ирската група „Ју ту“, Боно Вокс, испаднале од авион кој летал на релација Даблин – Берлин. Се претпоставува дека надворешната врата на багажникот на приватниот авион се отворила за време на летот.

Инцидентот се случил вчера, кога Боно со приватен авион отпатувал за Берлин, каде вечерва присуствува на доделувањето на музичките награди „Бамби“..

Во авионот, со Боно, патувале уште четири лица. Патниците соопштиле дека слушнале некаков звук кој доаѓал од задниот дел на авионот, но не биле загрижени. Откако слетале, Боно и неговите пријатели забележале дека им недостига вратата од багажникот, како и багажот во него.

Аеродромските власти во Берлин соопштија дека не постоела опасност од пад на авионот.

Британските медиуми се пошегуваа дека Боно вечерва би можел да отпее некоја песна од култниот албум „Achtung baby“(Внимание, мила!) кој „Ју ту“ го сними во 1992 година во Берлин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...