fbpx

Болницата „Жан Митрев“ останува со стариот сопственик, нема влез на странски партнер

„Во моментов менаџментот на Клиниката не води преговори со други заинтересирани компании“, информираат од оваа приватна клиника

-

И покрај најавите во текот на летово дека приватната клиника „Жан Митрев“ ќе се продава, раководството на клиниката денеска излезе со информации дека ќе остане старата сопственичка структура.

„Завршните преговори за влегување на стратешкиот партнер Холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare не завршија со конечен договор. Остануваме посветени на нашата работа во Клиниката Жан Митрев и развивањето на стандардите во приватното здравството“, се вели во соопштението од „Жан Митрев“.

Од приватната клиника велат дека и покрај потешкотиите што ги имаат поради блокираната сметка, ќе продолжат и понатаму да инвестираат и да се развиваат.

„Во моментов менаџментот на Клиниката не води преговори со други заинтересирани компании“, информираат од оваа приватна клиника.

Инаку, македонските медиуми во јуни годинава објавија дека холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare планира да купи мнозински удел во приватната клиника. Од клиниката „Жан Митрев“ тогаш информираа дека се во финални преговори за стратешко партнерство со Balkan Alliance Healthcare и оти ова партнерство ќе значи прераснување на клиниката во регионален медицински центар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...