fbpx

Боатенг одбил понуда од Барселона

-

Фудбалерот на Баерн од Минхен, Жером Боатенг, откри дека на почетокот на сезонава ја одбил понудата на Барселона.
Каталонскиот клуб минатото лето сакаше да ја зајакне одбраната, а една од желбите на Барселона беше токму Боатенг. Сепак, тој одлучил да остане во Баерн.

– Не знам детали, не знам колку Барселона понудила за мене, но вистина е дека сакаа да ме донесат. Особено ми ласка кога клуб како што е Барселона се интересира за мене, но дојде време кога не се напушта Баерн и не се заминува во Барселона само за да се освои Лигата на шампионите – вели Боатенг, додавајќи дека игра за еден од четирите најдобри клубови во светот.

Боатенг има договор со Баерн до 2018 година, а на арената „Алијанц“ пристигна во 2011 година од Манчестер Сити. Досега во дресот на шампионот на Бундес-лигата одигра повеќе од 150 натпревари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...